МПЦ и ИВЗ го поддржуваат предлог законот за верски заедници | Македонија | DW | 18.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ и ИВЗ го поддржуваат предлог законот за верски заедници

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи водеше разговори со поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и со првиот човек на Исламската верска заедница реиз Сулејман Реџепи. Лидерите на двете најбројни верски заедници со поддршка за новиот закон.

default

Мендух Тачи на средба со г.г Стефан и реиз Сулејман Реџепи

За најбројните верски заедници во Македонија, Македонската православна црква и Исламската верска заедница е прифатлива најновата верзија на законот што ги регулира верските права и слободи. Поглаварите на МПЦ и ИВЗ, г. г. Стефан и реиз Сулејман Реџепи ја изразиле поддршката на владиниот предлог закон на одвоена средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Законот предвидува Судот, а не државата да одлучува дали ќе се легализира јовановата православна охридска архиепископија и бехтешката заедница. Духовниот водач на муслиманите во Македонија, Сулејман Реџепи вели. „Тој текст што е доставен и испратен до Собрението, Исламската заедница го прифаќа и стои зад таков текст.“

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи ги поддржал напорите на ИВЗ да се справи со радикалните структури во своите редови.

„Секој поединец си има свое лично право да се клања и моли како што сака. Во моментот кога се употребуваат недозволиви инструменит да се спроведува таа вера, тука е законот.“

На средбата со поглаварот Стефан, Тачи и изразил поддршка на МПЦ во битката за признавање на афтокефалноста, а за возврат добил согласност од најбројната верска заедница во Македонија за последното законско решение кое што Владата веќе му го достави на Парламентот. Министерот за правда Михајло Маневски за Дојче Веле откри детали од него. „Ќе се регистрира црква, верска заедница, религиозна група, доколку таква не е регистрирана. Тоа не значи ограничување на правата и слободите на другите да ги остваруваат тие слободи, но не значи истовремено и ограничување и остварување на одредбите од законот. Се разбира тоа ќе биде прашање што ќе утврдува судот.“

Меѓународната заедница како услов за македонските евроаталнски интеграции бараше либерален закон што ќе ги гарантира верските права и слободи. Венецијанската комисија и ОБСЕ сеуште не се изјазниле за последната верзија.