Моќта на претседателот на Бундестагот | Свет | DW | 24.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Моќта на претседателот на Бундестагот

Новоизбраните пратеници во Бундестагот денеска се состанаа првпат. Досегашниот министер за финансии Волфганг Шојбле е избран за претседател на парламентот. Каква функција презема тој?

Не е претерување: никој не го познава германскиот Бундестаг толку добро како Волфганг Шојбле (ЦДУ). Тој е пратеник во парламентот цели 45 години и тоа непрекинато! Тоа го прави парламентарец со најдалеку најголем пратенички стаж во Бундестагот.

Искуството е богатство - причина што по влезот на деснопопулистичката Алтернатива за Германија (АфД) во Бундестагот ги засили барањата за претседател на парламентот да биде назначен Шојбле, кој има голема политичка тежина. Зад барањата се крие желбата Шојбле да ѝ се спротивстави на АфД доколку таа ги става под знак прашање парламентарните правила или доколку ги прекршува. Токму тоа е стравот присутен кај многумина. Притоа се укажува на вербалните испади на десните популисти во предизборната кампања.

Глас на парламентот, шеф на протоколот и чувар на демократијата

Шојбле е човекот кој го наследи досегашниот претседател на Бндестагот, Норберт Ламерт. Со тоа, долгогодишниот министер, кој порано беше во комбинации и за канцеларската функција или за претседател на парламентот, се најде на втората по ранг функција во државата - протоколарно дури и пред позицијата на канцеларот.

Wolfgang Schäuble CDU (picture-alliance/dpa/K. Nietfeld)

Шојбле е пратеник во парламентот цели 45 години

Шојбле одлично го познава профилот на еден претседател на Бундестагот. Тој го претставува парламентот и законодавната власт, значи е лице и глас на демократијата. Тој ги води парламентарните седници и внимава дали се почитуваат правилата на игра во секојдневната работа. Тој контролира кога и како ќе има консултации за одредени закони и конечно - кога тие ќе бидат донесени. Во Деловникот за работа на парламентот се вели: „Тој го чува достоинството и правилата на Бундестагот, ја поттикнува неговата работа, праведно и без заземање страна ги води преговорите и го чува редот во институцијата.“

Претседателот на Бундестагот, и покрај тоа што и самиот припаѓа на одредена партија, мора да се држи настрана од секојдневните партиски судири. Ламерт за тоа изјави: „Оваа шпага, која понекогаш е вистинска уметност, е на одреден начин и постојат тест на интелигенција со кој е соочен секој претседател на парламентот.“

Моќта на зборот и моќта за одземање на зборот

На Ламерт, кој беше омилен претседател на парламентот, таа шпага му успеа. Меѓу другото, и со помош на „моќта на зборот“. Ламерт со реторички брилијантни, остроумни говори, зачинети со шеги, се избори за високо реноме - преку партиските атари и граници. Како оваа улога ќе му одговара на ефикасниот, но како што досега се покажа и кавгаџија, Волфганг Шојбле, ќе покажат парламентарните недели кои следуваат.

Притоа, Шојбле ќе има работа со најбројниот Бундестаг на сите времиња. Тој брои 709 пратеници. Освен тоа, тука се и другите соработници во парламентот - околу 3.000 на број. Нивен шеф е исто така претседателот на парламентот. За време на седниците збор дава претседателот на парламентот или неговите заменици. Но, тој исто така може и да го одземе правото на збор.

Доколку претседателот на Бундестагот утврди дека е направено прекршување на правилата, може да го казни пратеникот со исклучување од парламентарната работа до 30 денови во кои се одржуваат седници.

DW.COM

Реклама