Моја Европа: Како Сизиф во Букурешт | Свет | DW | 29.07.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Моја Европа: Како Сизиф во Букурешт

Судбината на романскиот главен град ја скроија двајца крвопијци, пишува Каталин Дориан Флореску. Денес продолжува парадата на крвопијците – и чистотата е сизифовска работа.

Едно топло попладне целосно е отворен стаклениот ѕид на кафетеријата во популарната населба Доробанти. Внатре седат оние коишто можат да си ги дозволат високите цени, надвор улицата е постојано затната. Еден странец на возраст од околу четириесетина години, со проседа коса и скапо одело разговара весело на англиски јазик со две млади бринети. Тие се така дотерани што целосно се вклопуваат во сликата на скапиот локал. Долги нозе и заводлив поглед. Кратко потоа човекот влегува во неговото Бентли и заминува, додека жените ја преминуваат улицата,сосем свесно и намерно за да предизвикаат соодветен ефект.

На пешачкиот премин едно неугледно девојче ги гледа и се врти по нив. Во делот од секундата се судираат два универзума кои немаат ништо заедничко. Девојчето носи неонско елече, таа е уличен чистач. До доцна ќе го собира ѓубрето на градот.

Се наоѓаме во Букурешт, еден град кој ретко стасува да се појави на метереолошката карта на западните метереолози. Тоа е градот каде што живеат милиони луѓе, каде уличните чистачи се возат со едноставна ѓубреџиска кола на точак и чистат со едноставни метли, каде на пролет стотици илјади демонстрираа за чистота во политиката, во романскиот главен град со сиот шарм, со сите тежини и противречности, не постојат временски услови.

Метереолошката карта е беспрекорно бела, како оние неистражени подрачја на историските навигациски мапи. Тера инкогнита, но човек може да се опушти: и за времето во другите европски главни градови – на пример, Тирана, Софија или Берн, исто така никој не се интересира.

Меѓу Дракула и Чаушеску

Двајца крвопијци беа вклучени во кроењето на судбината на градот. Првиот се прослави на филмското платно. Влад Тепеш, кој беше модел за Дракула, изгради замок, на едно убаво место на пат од Карпатите кон Црното море, каде потоа живееше како Принцот од Валахија. Мизерните урнатини од овој стар замок се наоѓаат на крајот од областа Лајпциг (Lipscani). „Лајпциг“ доаѓа од таму бидејќи многу трговци биле активни на овој крстопат меѓу христијанството и османлиството.

Во споредба со умоболниот Чаушеску фигурата на Тепеш избледе. Комунистичкиоткнез на темнината – во осумдесеттите навистина цела земја често беше во мрак, бидејќи владата штедеше – со помош на принудна работа, експропријација и преселување на неколку стотина метри бришан простор е изграден замокот по сопствена замисла, со стотици монументални сали. Стариот замок ќе го собереше во две или три сали. Чаушеску ја нарече „Куќата на народот", а денес се вика "Палата на парламентот". Своевидно унапредување на зградата која сама по себе е визуелен терористички акт, одраз на насилство од камен и цемент и која всушност најдобро ќе беше да се дигне во воздух.

Таа е еден апсурд со кој градот мора да живее. Многу парламентарци кои имаат канцеларии таму се обвинети за корупција. Исто така и судии, државни службеници, бизнисмени кои си ги полнеле приватните џебови. Крвопијци од посебен вид. Институцијата со најголема доверба, Антикорупциските власти ДНА, сакаа да ги ослабне владеачките социјалдемократи. Корупција има во сите партии, но во СПД очигледно многу повеќе од останатите.

Заканата за демократијата во Романија доаѓа од левицата

На почетокот од годинава народот се крена. Додека во Унгарија и Полска демагогијата и повреда на човековите права, подолго време ги полнеа улиците, и плоштадите и улиците во Романија се наполнија со демократски и цивилни барања. Плоштадот на победата беше зборно место за стотици илјади кои протестираа против плановите на СПД. Човек се надеваше дека се запали пламенот на цивилното општетсво. Денес таму има неколку столчиња и знамиња, навечер се собираат најмногу неколку десетици луѓе. Нивните гласови се задушуват во густиот сообраќај. Во меѓувреме политичарите од СПД научија: ја следите истата цел, но во помали чекори. Заканата за демократијата во Романија не доаѓа од десницата, како во Унгарија и Полска, туку од левицата.

И Плоштадот на победата е еден од неубавите места во структурата на градот. Огромен празен, простор без душа кој е транзитна точка. Порано тука беше севернат а граница на градот, позади кој имаше голема шума. Кога во 1866 година, германскиот Принц Карол му се приближил на провинцискиот мал град, каде го чекале неговите идни поданици, поминал низ оваа шума. Бидејќи немаа доверба во никого од сопствените редови, за да ја осигура егзистенцијата на младата држава, Романија увезла цела германска кралска династија. Подоцна увезла и француски и германски архитекти за да му дадат на Букурешт прозападен изглед. Новите градби – кралската палата, библиотеки, сали за концерти, банки – му даваа на градот шмек како Париз. Но, само малку.

Кога идниот крал помина низ шумата, таму се уште ја немаше мрачната сталинистичка зграда, денешната „Куќа на слободниот печат" и која до изградбата на палатата на Чаушеску таканаречената „Куќа на народот" беше највисоката градба во Букурешт. Кога кралот пристигна во Букурешт, шумата не беше испресечена со широки елегантни булевари кои навистина потсетуваат на Париз. Сталин и Париз во Букурешт добро си одговараат.

Victoria Platz und Victoria Palast in Bukarest, Rumänien (picture-alliance/ dpa)

Паркинзите кои се направени во дел од шумата, се наоѓаат на северната страна на Плоштадот на победата. Во овој зелен појас на градот се наоѓа прекрасната населба Вилен. Во 1920 и 1930 богатие луѓе во Букурешт овде ги граделе своите куќи во мешавина од стилови и форми. Тука живееле и Чаушеску и претставници на комунистичките власти. Тука е и населбата Доробанти со бентлито и дотераните девојки. Една прошетка низ симпатичните уличкити на оваа населба е компензација за монструозните делови од градот. Човек неприметно преминува од светот на комунистичкиот Букурешт во делот кај предвоената буржоазија.

И не само овде се покажува тоа што му го дава шармот на Букурешт: коегзистенција на два сосем различни света. Јужниот дел на Плоштадот на победата е ноќна мора, огромна маса од бетон, блокови згради се издигаат. Човек може да си помисли дека тука престанува убавината, но не е така. На многу места во градот ваквите згради како да ги заокружуваат поранешните населби, како да сакаат да ги заштитат, или сепак да ги угушат?

Кога човек ќе помине низ два вакви блока, ќе види еден речиси рурален Букурешт. Стилот е таков, ритамот е поспор, лозја ги покриваат градините. Овој град има многу лица, еден урбан Доктор Џекил и Господин Хајд.

Бидејќи парадата на крвопијци нема да престане, бизнисменот ќе се вози во неговото Бентли двете млади девојки ќе продолжат да го шетат своето навежбано тело, а вечерва сигурно едно неугледно девојче до доцна во ноќта ќе ги чисти улиците. Нејзиното уморно лице ќе се рефлектира во светлата на автомобилите, но човек бргу ќе ја заборави. Цистерните ќе ги измијат улиците. Овој град страда од наметнатата чистота, како да сака човек од ноќ до ноќ да облече бел елек кој повторно ќе го извалка во текот на денот. Вака гледано, уличните чистачи од Букурешт се како Сизиф.

Писателот Каталин Дориан Флореску е роден во Романија, а од 1982 година живее во Швајцарија. За романот „Јакоб решава да сака" во 2011 година ја доби наградата на Швајцарските книжари.

 

Реклама