Мојата пријателка Ана Франк | Свет | DW | 12.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Мојата пријателка Ана Франк

Нејзините дневници ја направија славна. Да не го загубеше животот во концентрациониот логор Берген-Белзен во 1945 година, Ана Франк денеска ќе наполнеше 90 години. За Ана раскажува нејзината пријателка Хана.

Пријателката на Ана Франк, Хана Гослар, ги преживеа холокаустот и Берген-Белзен. Таа на неброено многу групи млади им раскажува за својата пријателка Ана Франк и за холокаустот. „Затоа што јас преживеав, а Ана не“, вели Гослар.

Во 1945 година, во концентрациониот логор Берген-Белзен, Хана Пик-Гослар ја среќава својата пријателка од детството, Ана Франк. Подоцна таа се сеќава:

„На почетокот на февруари некој ми рече: 'Твојата пријателка Ана Франк е овде, до нас во логорот.' Тоа ме пресече. Каде мислев дека е Ана? Во Швајцарија, кај баба ѝ. И сега е наводно овде и во логорот ѝ е уште полошо отколку мене? Чекав околу пет минути. Дожд, одвратно, страв! И, ндекој ме викна. То ане беше малото гласно девојче кое го познавав во Амстердам, туку беше едно навистина скршено девојче.“

Хана Пик-Гослар, исто како и Ана Франк, е родена во Германија. И, исто како семејството Франк мора да побегне во Амстердам поради тоа што е Еврејка. Во Холандија семејствата Франк и Гослар прво се безбедни. Во 1930-те Хана и Ана таму се среќаваат првпат. Почеток на едно пријателство.

„На почетокот дојдовме во Амстердам. Мајка ми ме поведе на кучпување и сретна друга жена бегалка со малечко девојче за рака, половина година помладо од мене. Зборуваа германски, зашто не знаеја холандски. Така се запознавме уште првата недела“, вели Хана Гослар.

Deutschland Anne-Frank-Zentrum in Berlin (DW/H. Mund)

Дневникот на Ана Франк (фото: првите страници од репродукција верна на оригиналот)

Во 1940 година нацистите ја окупираат Холандија и подоцна и таму ги наметнуваат своите антисемитистички закони. Хана се сеќава:

„Моравме да носиме жолта ѕвезда. Бевме принудени да ги напуштиме училиштата и не смеевме да користиме превозни средства - трамвај, автобус, воз, брод, велосипед. Во Амстердам сите се движат на велосипед. Не смеевме во базен. Не беше дозволено ништо што причинува животно задоволство. Дури и ако сакавте да седнете на клупа во парк, таму стоеше: 'Забрането за кучиња и Евреи'. Германците, припадниците на Ес-Ес единиците, правеа списоци, и почнаа да собираат цели семејства. оа беше во ноември, декември 1942-ра.“

Семејството на Ана Франк ја проширува веста дека е наводно на безбедно, во Швајцарија. Во тоа верува и Хана Гослар. Но, тоа не е точно. Семејството Франк се крие во Амстердам и уапсено е во летото 1944 година. Хана Гослар е депортирана една година претходно. Од семејството Гослар холокаустот го преживуваат само Хана и нејзината мала сестричка. По 14 месеци минати во Берген-Белзен.

Grabstein Anne und Margot Frank (picture-alliance/dpa)

Надгробен споменик за Ана и Маргот Франк во Берген-Белзен - двете починале од тифус во концентрациониот логор само еден месец пред тој да биде ослободен од англиските трупи

Хана Гослар подоцна заминува даживее во Израел, каде живее и денес. Во меѓувреме има 90 години, многу деа и внуци. Голем дел од животот го има посветено на средби со млади во Израел и германија. Им раскажува за стравотиите на анционалсоцијализмот. И, за својата пријателка Ана Франк.

„Сакав да раскажувам за Ана, затоа што јас преживеав, а Ана не. Светот мора да знае што се случи за да може евентуално да се заштити. Тоа ми е важно“, нагласува Хана Пик-Гослар.

DW.COM

Реклама