Мохамед Али - единствен и неповторлив | Панорама | DW | 17.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мохамед Али - единствен и неповторлив

Мохамед Али не е само еден од најдобрите боксери во историјата. Тој беше медиумска и културна икона која е дел од историјата на фотографијата. Денес тој ќе наполнеше 75 години. По тој повод се потсетуваме на него.

Вообичаено, да се нарече кој било спортист „уметничко дело“ е смешно и претенциозно. Но нема таква хипербола кога се работи за Мохамед Али, трикратниот светски боксерски шампион кој ги надмина границите на спортот и стана фигура со огромно културно и политичко значење. 

На денешен ден, 17 јануари, Али ќе наполнеше 75 години. Тој почина на 3 јуни 2016 година во Скотсдејл, Аризона. Специјалната изложба која по тој повод се одржа во Берлин понуди фотографии од Али кои го опфаќаат периодот од 1960 до 1980 година. 

DW.COM

Реклама