Мотивите на руските пренкстери кои го наседнаа Заев | Северна Македонија | DW | 13.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Мотивите на руските пренкстери кои го наседнаа Заев

Зошто руските пренсктери токму сега објавија разговори со Заев и зошто нивна мета повторно е Порошенко? Роман Гончаренко пишува за можните мотиви.

Vladimir Kuznetsov und Aleksey Stolyarov YouTube Stars aus Russland (Imago Images/Russian Look/Interpress)

Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, или дуото „Вован и Лексус“

Се нарекуваат Вован и Лексус, а нивните вистински имиња се Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров. Дуото руски шегаџии, или на англиски „пренкстери“, на 8 јули на Јутјуб објавија снимки од свои телефонски разговори со македонскиот премиер Зоран Заев.

„Пренкстери“ се луѓе кои на телефон се претставуваат како некој друг. Така, тие повеќепати се претставиле како украинскиот екс-претседател Петро Порошенко. Се работи за три аудиоснимки од разговори кои наводно се случиле во август 2018 година, како и февруари и април 2019 година.

На првата снимка машки глас се јавува кај Заев и го поздравува на англиски јазик со источноевропски акцент, „Господине Претседателе, Вие сте?“, прашува Заев. „Да, јас сум. Се надевам дека времето во Македонија е добро“, одговара гласот. Заев поаѓа од тоа дека телефонира со Порошенко.

Снимката, како што може да се чуе, е сечена и веднаш по разговорот за времето, „Порошенко“ зборува за „руска агресија“ која „стигнала“ до земјата на Заев. Тој спомнува случувања во Грција, очигледно за да ја добие довербата или од својот соговорник да издејствува проценка на состојбата.

Летото 2018 година Грција протера двајца руски дипломати, под обвинение дека со поткуп сакале да го спречат договорот за името помеѓу Грција и Македонија.

Ukraine Petro Poroschenko (Reuters/ Mikhail Palinchak/Ukrainian Presidential Press Service)

Петро Порошенко им е омилена мета на руските пренкстери

Постојано Порошенко

Впечатливо е дека во руските медиуми, кои деновиве известуваа за телефонските разговори на пренкстерите, за оваа епизода нема ништо. Наместо тоа, фокусот се става врз тоа дека двајца Руси повторно се претставувале како Порошенко. Така, „Порошенко“ му раскажувал на Заев дека е роднина со Александар Велики.

Вован и Лексус, двајцата на почетокот на свооте 30-ти, и’ се познати на широката публика во Русија од 2014 година, односно од годината на руската анексија на Крим. Тиа имаат измамено безброј личности од спортот, политката и шоу-бизнисот, но нивна мета број еден беше Порошенко, по кого следува поранешниот украински премиер Арсениј Јацењук.

На двајцата пренсктери им успеа да измамат и американски политичари, меѓу кои и во меѓувреме починатиот сенатор Џон Меккејн, специјалниот пратеник за Украина Курт Вокер, како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На тогашниот министер за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, во разговор во 2018 година му се претставуваа како новиот ерменски премиер Никол Пашињан.

Повеќе:

Заев: Жртва на измама од која треба да се извлечат поуки

Демек комедијанти, за демек сериозни

Анти-НАТО кампањата пуштена на најјако

Путин го бара Елтон Џон

Изборот на жртвите и фактот што руските политичари се главно поштедени од нивните вицови, како и пристапот до телефонски броеви на високи државници, го доведоа пернкстер-дуото под сомнеж дека работи за руските тајни служби.

Вакво сомневање изрази и Свјатослав Зехолко, портпарол на Порошенко. Притоа, станува збор за случај од 2016 година, кога двајцата пренкстери се обидоа да му подметнат на „Њујорк Тајмс“ фалсификувано интервју со Порошенко. Но, репортерите се обратиле до прес-службата на Порошенко и измамата била откриена. Зехолко за тоа ги обвини руските тајни служби. Пренкстерите Вован и Лексус тоа го демантираат.

britischer Sänger Elton John bedankt sich bei Putin (https://instagram.com)

Измамениот Елтон Џон му се заблагодари на Путин на својот Интернет-профил

Во еден случај го вмешаа и Кремљ. Во септември 2015 година Вован (Кузнецов) му се јавил на британскиот пејач Елтон Џон, кој е деклариран хомосексуалец, и се претставил како Владимир Путин. Поп-ѕвездата поверувала во тоа и потоа тоа го опиша на својот Интернет-профил. Тој му се заблагодари на рускиот претседател за неговиот интерес за ЛГБТ-теми и предложи лична средба. Кремљ беше принуден да реагира. Вистинскиот Путин му се јави лично на Елтон Џон и изрази жалење за потегот на, како што ги нарече, „телефонџиите“.

Околу мотивите зошто двајцата пренкстери сега повторно го валкаат Порошенко, иако тој со месеци веќе не е претседател на Украина, може само да се нагаѓа. Можеби улога игра моментот. На 21 јули, имено, на предвремени избори во Украина ќе се избира нов парламент, а партијата на Порошенко на тие избори веројатно ќе стане најсилна опозициска партија.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама