Мосул: Урнато минарето полно со симболика | Свет | DW | 22.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мосул: Урнато минарето полно со симболика

Кој го урна минарето на џамијата во Мосул каде лидерот на ИД, Ал Багдади, го имаше својот единствен јавен настап? Ирачката армија тврди дека тоа го направила самата ИД, додека џихадистите ги обвинуваат САД.

Irak al-Nuri Moschee in Mossul (Reuters/Iraqi Military )

Џамијата Ал Нури е разурната

Џихадистичката милиција Исламска држава (ИД) го урна минарето на џамијата Ал Нури во Мосул, соопшти ирачката армија. Ова место има посебно симболичко значење. Имено, во џамијата својот прв и единствен јавен настап во 2014 година го имаше лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади. Тој тогаш ги повика своите приврзаници на џихад.

Според наводи на висок претставник на ирачката армија, војниците навлегле длабоко во поранешното упориште на ИД - Мосул. Кога стигнале до џамијата, виделе дека е урната. Претставник на армијата оцени дека станува збор за „историско злосторство“.

Гледај видео 00:48

Кривото минаре во Мосул е урнато

ИД ги обвинува САД

Исламска држава пак соопшти дека џамијата од 12. век била разурната во воздушен напад на Американците. Тоа, коалицијата предводена од САД веднаш го демантираше и соопшти дека околината на џамијата не е бомбардирана.

Ираката армија оцени дека со уривањето на минарето, исламска држава признала пораз. „Ова е официјално прогласување пораз“, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади.

Џихадистичката милиција е позната по уништување. Во текот на изминатите години ИД срамни со земја цела низа археолошки локалитети и верски светилишта во Ирак и Сирија, меѓу кои и градот Палмира во Сирија кој е дел од Светското културно наследство.

Irak - Flucht aus Mossul (picture alliance/AP/dpa/M. Alleruzzo)

Се стравува дека цивилите во Мосул може да бидат искористени од страна на ИД како жив штит

Последното упориште на ИД

Ирачките трупи во текот на изминатиот викенд почнаа со напад врз старото јадро на Мосул. Тоа се смета за најголемо упориште на ИД во Ирак. Повторното освојување на стариот дел од градот е особено тешко поради тоа што е многу густо населен и има многу цивили. Според наводи на ОН, во старото градско јадро има најверојатно околу 100.000 цивили. ОН и ирачките трупи стравуваат дека тие од страна на ИД ќе бидат искористени како жив штит. Заземањето на овој дел од Мосул, меѓутоа, е од клучно значење за освојување на градот.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама