Монетите со мала вредност (засега)остануваат | Економија | DW | 25.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Монетите со мала вредност (засега)остануваат

Монетите со мала вредност им се товар на трговците и на дел од потрошувачите. Но, во Германија тие нема да исчезнат. Барем не во догледно време.

Паричниците на потрошувачите во Германија и натаму ќе бидат полни со монети со вредност од 1 и 2 цента. Првиот човек на Бундесбанката, Лудвиг Тиле, ги урива надежите дека монетите кои трговците и дел од потрошувачите ги сметаат за излишни, ќе исчезнат од касите и потрошувачките џебови. „Во моментов во еврозоната нема тенденција за укинување на монетите со мала вредност“, вели Тиле.

Земји како Белгија, Финска, Ирска и Холандија имаат воведено правило на заокружување на сумите во движењето на парите на национално ниво, но и таму малите монети сѐ уште се дел од законските средства за плаќање.

Укинувањето на одделни монети би можело да се случи само со договор на европско ниво.

Гледај видео 03:03

#DE_facto: Добрата стара германска марка

Според Бундесбанката, потрошувачуите се тие кои би требало да донесат одлука дали и натаму сакаат да ги користат монетите со вредност од 1 и 2 цента. „Нашите досегашни истражувања покажуваат дека мнозинството граѓани сака да ги задржи овие монети“, вели Тиле за агенцијата ДПА.

Според централната банка на Германија, во моментов во оптек се 34 милијарди монети од 1 цент и 26 милијарди монети од 2 цента. Дел од монетите редовно завршува во касичките за штедење или се губи. За државата монетите се добар бизнис. „Државата заработува со издавањето монети“, информира Тиле.

Германската влада е единствената што има право за издавање монети во Германија. Државата заработува од разликата меѓу номиналната вредност на монетите и нивната материјална вредност. Минатата година државата заработила речиси 338 милиони евра од монети, вклучувајќи ги тука и колекционерските и златните парички.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама