Момче пешачело 23 километри барајќи помош по масакрот во Мексико | Свет | DW | 06.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Момче пешачело 23 километри барајќи помош по масакрот во Мексико

Три жени и шест деца беа масакрирани во северно Мексико од страна на членови на нарко-картел. Мотивот за нападот останува непознат, но приказните за херојството на преживеаните деца излегуваат на виделина.

Осумте деца, дел од нив бебиња, кои го преживеаја нападот на северот на Мексико, не само што успеале да побегнат од убијците кои ги застрелаа нивните мајки, туку успеале да се сокријат во грмушки, а потоа да испечашат километри за да побараат помош и покрај раните од куршуми.
Една од мајките го ставиле своето бебе на подот на теренското возило со кое се превезувале, а потоа со кренати раце излегла од возилото. Нејзиното тело изрешетано со куршуми е пронајдено на 15 метри од уништеното возило. Се верува дека таа се оддалечила од возилото за да им го сврти вниманието на напаѓачите од нејзините деца.
Таа мајка е една од деветте американски државјани- три жени и шест деца кои живееле во мормонска комуна на северот на Мексико- кои беа убиени во понеделникот откако припадници на нарко картел го нападнаа нивниот конвој од три теренски возила. Мексиканските власти сметаат дека припадниците на картелот по грешка го извршиле злосторството мислејќи дека цивилите се припадници на друг, ривалски, картел.
Пет од повредените деца беа пренесени со воени хеликоптери на мексиканските власти во САД.
Но, она што децата го преживеале во планинската област е неверојатно.
Роднина на загинатите, Кендра Милер, соопшти дека 13-годишниот Девин Блејк Лангфорд бил меѓу ретките неповредени во нападот, и успеал да испешачи 23 километри до својот дом и да побара помош.




Mexiko l Angriff auf Mormonenfamilie (picture-alliance/dpa/Alex leBaron)

Остатоци од опожареното возило со кое се превезувале семејствата


„Откако сведочел на убиството на својата мајка и браќата, Девин најпрво ги сокрил своите шест преживеани браќа и сестри во грмушки и ги покрил со гранки, а потоа се упатил во потрага по помош. Откако предолго го немало, неговата 9-годишна сестра ги напуштила преостанатите пет деца и таа почнала да бара помош“, вели Милер. Тоа девојче, Мекензи Рејн Ланфорд, пешачела со часови во ноќта и се загубила, но подоцна била пронајдена од спасувачките екипи. Роднините, откако дознале за злосторството, се упатиле кон местото на настанот но не успеале да пристапат откако припадници на картелите пукале врз нив. 
Убијците биле припадници на нарко картелот од Хуарез наречен „Ла Линеа“. Се претпоставува дека картелот сакал да испрати порака дека тие го контролираат патот кој води кон Чихуаха. 
Жртвите живееле во селото Ла Мора, во близина на границата со САД, кое е формирано од американски доселеници припадници на христијанска црква, кои се нарекуваат Мормони.
Сите жртви се во роднинска врска со семејството ЛеБарон од Чихуаха кое е во судир со нарко картелите со години наназад. Бенџамин ЛеБарон, кој ги формираше патролите против нарко картелите во заедницата, беше убиен во 2009 година.
Мексиканските власти вчера соопштија дека е уапсен еден осомничен, иако останува нејасно дали тој е директно поврзан со нападот.




 

DW.COM

Реклама