„Молчењето му пружа заштита на насилникот“ | Свет | DW | 25.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Молчењето му пружа заштита на насилникот“

Секоја четврта жена во Германија е жртва на семејно насилство.

53 километри ја делат Катја Шнајт од животот кој речиси ќе ја убиел. Таа денес живее во мало гратче во покраината Хесен. „Уште се сеќавам многу добро“, вели таа за, раскажувајќи за првите насилнички напади од страна на нејзиното тогашно момче. „Седев во болничката чекалница и си мислев: 'Боже мој, какво клише'. Моето момче со турско потекло ме истепа толку, што морав во болница.“

Клише, кое во главите на многумина веднаш вклучува штекер кој отвора прашања на вина, чувства, потрага по образложенија зошто една жена е истепана. „До денес се ежам“, вели Шнајт, зборувајќи за реакциите од тогашното свое опкружување. Морала да слуша дека таа самата е виновна зашто има партнер странец. А, насилство има кај сите етнички групи, вели Шнајт.

Секоја четврта жена во Германија е жртва на семејно насилство. Сојузната криминалистичка служба (БКА) ги анализираше податоците од регистрираните случаи на насилство и соопшти дека во 2015 година имало повеќе од 104.000 пријавени случаи на насилство, во кои жртва е жената, а насилник - партнерот.

Deutschland Katja Schneidt Autorin (DW/M. Koschyk)

Катја Шнајт им помага на жените кои се жртви на семејно насилство

„Насилството врз жените има многу лица“, вели претседателот на БКА Холгер Мин. Во своите статистики, БКА има забележано околу 16.200 закани, 66.000 полесни и повеќе од 11.400 тешки телесни повреди. 331 жена е убиена од страна на партнерот. Кон тоа треба да се додадат и случаите на насилство кои не се пријавуваат. „Честопати, жртвите на семејно насилство сметаат дека се во безизлезна ситуација, не пријавуваат“, вели Минх.

По бегството од насилникот дома, жените често немаат стан, немаат пари. Ако не добијат место во т.н. сигурни куќи за жени, мора самите да изнајмат стан. Тоа по правило го плаќа службата за социјални грижи, но евтини социјални станови има малку, исто како што нема ниту доволно места во сигурните куќи за жени.

За своето искуство со насилството, Шнајт има напишано неколку книги. Таа знае дека во германското општество отвореноста не е нешто што се подразбира само по себе. Не само ударите и заканите, туку и срамот, очајот и траумата се нештата поради кои жртвите на семејно насилство молчат.

Катја Шнајт им помага на жените кои го доживеале истото што и таа. Преку социјалните мрежи тие тајно ја контактираат. Веќе им организирала бегство на многу погодени жени и секогаш им советува тоа да го објават: „Молчењето му пружа заштита на насилникот.“

Реклама