Можно одложување на конференцијата за Блискиот Исток | Свет | DW | 17.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Можно одложување на конференцијата за Блискиот Исток

Кондолиза Рајс не успеа да ги доведе Израел и Палестинците до заедничка платформа за конференцијата. И во Египет скептични во однос на конференцијата

default

Кондолиза Рајс разговараше и со претседателот на Палестинците Махмуд Абас

Резултатите од досегашните активности на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на блискоисточната турнеја се посни. Израел не сака да направи преголеми отстапки на планираната конференција за Блискиот Исток во ноември во Вашингтон, а Палестинците бараат задолжителни ветувања. Оттука, не може да се исклучи одожување на собирот предложен од претседателот Џорџ Буш.

Рајс во меѓувреме беше и во египетскиот главен град Каиро. И таму се соочи со скепса в однос на конференцијата. “На госпоѓа Рајс и’ ветивме дека ќе помогнеме да се постигне посакуваната цел – да се овозможат преговори кои ќе водат кон создавање палестинска држава. Држава, токму врз територијата што Палестинците ја загубија во војната во 1967-ма” – нагласи египетскиот министер за надворешни работи Абул Геит.

Рајс возврати: “Ова не е крај на процесот, туку почеток. Документот врз кој работат Израелците и Палестинците треба само да покаже дека тие имаат заедничка основа. Врз тоа и ние натамошно ќе работиме. Потоа – се надеваме наскоро – ќе утврдиме кога точно треба да се одржи мировната конференција, како и нејзините учесници”.

Египетскиот министер Геит го нагласи значењето на цврста временска рамка за сите спогодби кои би можеле да бидат постигнати на евентуалната блискоисточна конференција.

Естер Сауб