Може ли уште да се спаси атомскиот договор со Иран? | Свет | DW | 16.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Може ли уште да се спаси атомскиот договор со Иран?

Спорот околу атомскиот договор меѓу САД и Иран натамошно ескалира. Решение за проблемот можеби лежи во европски раце, дури и по повеќенеделното постепено заострување на ситуацијата. Но, времето притиска.

Уште не е ништо загубено, барем моментно се чини дека е така. По средбата на министрите за надворешни работи, претставничата на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини испрати порака која уште носи зрак надеж. По повеќенеделни тензии и континуирана ескалација меѓу САД и Иран, таа констатираше дека прекршувањата на атомскиот договор од страна на Иран не се во толкави димензии за тој да се прогласи за неважечки. Таков е ставот на преостанатите учесници во договорот.

Влогот беше голем. По повеќегодишни преговори, Иран во 2015. година се обврза дека нема да призведува атомско оружје. За возврат, САД и други земји, меѓу кои Германија, Франција и Велика Британија, ги укинаа економските санкции. Но, лани американскиот претседател Доналд Трамп реши еднострано да го раскине договорот и повторно воведе санкции. На тој начин тој сака да го принуди Иран на преговори под нови услови. До тоа не дојде. Иран 14 месеци продолжи да се придржува на договорените клаузули и потоа почна постепено да ги прекршува. Почна де врши облагородување ураниум над договорените граници, што претставува обид за зголемување на притисокот врз партнерите во договорот. 

Против желбата на САД

Меѓутоа, ни Иран, ниту пак европските партнери имаат интерес од воена ескалација на конфликтот. Заострување на безбедносната ситуација во Персискиот Залив ќе значи силен удар за светската и за европската економија. Ќе страда и веродостојноста на ЕУ, доколку Унијата не е во состојба да ја вложи својата вкупна политичка тежина заради изнаоѓање дипломатско решение за проблемот и спасување на спогодбата.

Iran Atomprogramm (picture-alliance/AP Photo/V. Salemi,)

Иран се заканува со повторно активирање на атомската програма

Федерика Могерини, која беше значително вклучена во склучувањето на атомскиот договор, и натаму цврсто опстојува на негова целосна примена, дури и против желбата на САД. „Денес сите сфатија дека би било страшно ако го немавме договорот. Дури и оние кои веќе не се дел од него“, изјави таа синоќа.

Мерки за заобиколување на санкциите

Политикологот и експерт за Блиски Исток, д-р Џост Хилтерман од Универзитетот Кент е убеден дека атомскиот договор сѐуште може да биде спасен. Но, Европејците за таа цел мора да ги зголемат своите напори. Со оглед на растечката напнатост, Германија, Франција и Велика Британија во неделата повикаа на ставање крај на ескалацијата. Ваквата форма на поддршка е важна, но тие треба на своја страна да привлечат уште повеќе земји, истакнува тој. А уште поважно би било ублажување на економските штети предизвикани од американските санкции. Европејците планираат со помош на Инстекс, механизам за директна размена со Иран, да овозможат заобиколување на трговијата во американски долари. Но, тој засега е ограничен на хуманитарни продукти и остана без ефект. За негово целосно ефектуирање, истакнува Хилтерман, во механизмот треба да протечат многу поголеми суми и да бидат вклучени други производи, како на пример нафта. 

Повеќе:

Прекршување на атомскиот договор со најава

Дозирана ескалација во Персискиот Залив

Гласно ѕвечкање со оружје во Персискиот залив

Овој чекор би го охрабрил и раководството во Техеран. Тоа вчера се закани иранската атомска програма да ја зголеми и доведе повторно на нивото од пред четири години, доколку Европејците не се погрижат за олабавување на иранската економија. Покрај разумност, сега е неопходна и брзина. Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант ја погоди сржта на проблемот со изјавата: „Постои прозорец низ кој е можно спасување на договорот, но тој се затвора.“ Иран уште не е во состојба да создаде атомско оружје, но доколку успее во тоа, ситуацијата ќе стане исклучително опасна.

 

DW.COM

Реклама