Може ли муслиман да биде германски канцелар? | Свет | DW | 08.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Може ли муслиман да биде германски канцелар?

Партијата на Ангела Меркел е разбранувана откако се отвори дебата дали муслиман може еден ден да биде лидер на ЦДУ и да стане канцелар. Пратеници и функционери влегоа во жестока пресметка.

Шефот на парламентарната група на конзервативната Христијанско-демократска Унија (ЦДУ) предизвика остра дебата откако изјави дека муслиман би можел да биде иден лидер на ЦДУ, и канцелар на Германија.

Прашан од порталот Идеа, дали муслиман би можел да биде избран за партиски лидер и да стане канцелар во 2030 година, Ралф Бринкхаус одговори потврдно. „Зошто да не, доколку е добар политичар, и ги претставува нашите вредности и политички погледи“.

Интервјуто е објавено во февруари, но потресот се случи откако беше реобјавено од „Билд“ - најтиражниот германски таблоид - во средата.

Шок во ЦДУ

„Господе Боже, не ми се верува дека Ралф Бринкхаус изјавил нешто такво“, изјави за „Билд“, Винсент Кокерт, првиот човек на ЦДУ во покраината Мекленбург. „Не, не ми се верува“.

И Елизабет Мочман, член на извршниот одбор на ЦДУ, ги отфрли ставовите на Бринкхаус дека исламот е компатибилен со вредностите на нејзината партија.

„Вредностите на исламот се различни од нашите вредности - на пример, кога се работи за еднаквите права на мажите и жените“, изјави таа.

Бринкхаус изјави за Идеа дека вредностите на луѓето се поважни од нивната религија кога се одлучува за нивните лидерски квалитети. „ЦДУ не е верска заедница - тоа нѐ разликува од Католичката црква“, вели тој.

Но некои пратеници сметаат дека и името на партијата треба да се земе предвид. „Буквата Х (на германски C од CDU) во партиското име не е избрана случајно“, потсетува пратеникот Еберхард Гингер за „Билд“. Тој ја отфрла помислата дека муслиман некогаш може да стане германски канцелар, без разлика од која партија доаѓа.

„Да имаме муслиман канцелар би претпоставувало дека муслиманите се мнозинство во Германија. Тоа не е случај“, вели тој.

„Целосно идиотска“ дебата

Но, дел од пратениците на ЦДУ ги поддржаа ставовите на Бринкхаус.

„Дали сте вие сериозни? Да се каже што било друго од она што го рекол Бринкхаус не би било адекватно за една мејнстрим партија или за партија што сериозно го сфаќа уставот“, напиша на Твитер Серап Гулер, единствената муслиманка- член на извршниот орган на ЦДУ.

Карин Прин, министерката за образование на покраината Шлезвиг Холштајн, исто така смета дека нема добра причина зошто да се биде христијан е неопходна квалификација за станување партиски лидер или канцелар.

Од Социјалдемократската партија (СПД), која е во коалиција во владата со ЦДУ, ја отфрлија дебатата како „целосно идиотска“.

„Сите овие идентитетски дебати се водат само во ЦДУ“, изјави вториот човек на СПД, Ралф Штегнер. „Тие немаат ништо заедничко со вистинските проблеми во Германија“.

DW.COM

Реклама