Може ли Кина да најде алтернатива за Хонгконг? | Економија | DW | 21.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Може ли Кина да најде алтернатива за Хонгконг?

Хонгконг економски не е многу важен за Кина како во 1997 година, но дали Пекинг може да си дозволи негова пропаст.

Поради продемократските протести во Хонгконг кои траат со недели, Кина почна со воени вежби пред портите на градот. Расте неизвесноста за иднината на Хонгконг како интернационален финансиски центар.

Кина, пак од своја страна веќе се шири на подрачја на кои всушност доминира Хонгконг. На пример - со важните трговски пристаништа. Покрај тоа, Комунистичката партија гради и можни алтернативи за Хонгконг, и тоа посебно во финансиската метропола Шангај и во центарот за иновации Шенжен.

Повеќе за економските дилеми на Кина околу Хонгконг во следново видео:

Гледај видео 01:17

Се обидува ли Кина да создаде замена за Хонгонг?

Тие засега  не се подготвени да го заменат Хонгконг, целосно да го заменат Хонгконг како финансиска метропола, но некои експерти сметаат дека во блиска иднина тоа би можело да се промени.

Повеќе на темата:

-„Џганот во Хонгконг“- кинески поглед на демократските протести

-Хонгконг– викенд речиси без насилство

-Немири во Хонгконг - Запад воздржан

Во јули 25 компании дебитираа на шангајската берза, и тоа во новооснованиот Одбор за наука и технологија (СТАР). Цел на Одборот е да го привлече и да го задржи странскиот капитал во Кина, истовремено поддржувајќи ја конкурентната положба на Шангај во однос на Хонгконг.

Но, Хонгконг нуди флексибилност за која на конкурентното кинеско копно можат само да сонуваат. Од година во година - и тоа веќе четвртина век - истражувачкиот центар Фондацијата Херитиџ од Вашингтон го нарекува Хонгконг најслободна економска зона на светот. Кина, од друга страна, на оваа листа се наоѓа на стотото место.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама