Може ли жена да го победи Трамп во трката за Белата куќа? | Свет | DW | 20.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Може ли жена да го победи Трамп во трката за Белата куќа?

Дали во САД може на власт да дојде жена? Тоа е прашањето со кое мора да се занимаваат американските демократи по дуелот на Елизабет Ворен и Берни Сандерс.

„Жените во политиката и натаму се соочуваат со посебни препреки како на пример тоа дали се доволно симпатични", изјави за ДВ Шери Берман, политиколог од Барнард колеџот во Њујорк. Но, таа не гледа причина зошто жена не би требала да биде на челното место во Белата куќа. „Ние Американците не сме повеќе сексистички настроени од други земји во кои веќе има претседателки", вели Берман.

„Чудно е дури и да зборуваме за тоа дали Америка е подготвена за жена претседател", во интервју за ДВ изјави Мариша Киртане од Женскиот национален демократски клуб, организација за жени кои имаат демократски светоглед. „Хилари Клинтон во 2016 година доби три милиони гласови повеќе од Трамп, такашто не се ни поставува прашањето за подготвеноста на САД за жена на чело на државата."

Сепак, жена како главен командант на воените сили е и натаму апсурдна идеја за некои Американци. Во анкета спроведена во септември 2019 година од страна на магазинот УСА Тудеј речиси 90 проценти од анкетираните демократски гласачи се изјасниле дека немаат проблем со жена претседател. Но, само 76 проценти навеле дека и членовите на нивното семејство се отворени за таа идеја. И само 44% сметале дека и нивните комшии немаат проблем со жена претседател.

„Дали се САД подготвени за жена претседател е добро прашање", вели за ДВ др. Мајкл Корнфилд, политиколог од универзитетот Џорџ Вашингтон. „И натаму има многу предрасуди во однос на жените, не само во политиката. И покрај некои кандидатки кои беа во игра, ниту оваа година ниедна жена не е номинирана за Оскар како најдобар режисер."

Дали жена може да го порази Доналд Трамп?

Хилари Клинтон на последните избори според правилата на сложениот изборен законик на САД, изгуби од Трамп. Изгуби, иако номинално освои повеќе гласови од него. Дали тоа ќе им наштети на кандидатките на демократите за овогодинашните претседателски избори? Не, вели политикологот Берман. „Гласачите кои во времето на Трамп најмногу им завртеа грб на републиканците се високообразовани жени", вели Берман. „Сега им се потребни демократите. Зошто личноста која се бори против Доналд Трамп не би ттебало да биде жена?"

Повеќе:

-Што ќе биде важно во надворешната политика на САД во 2020 година?

-Импичмент и избори во поделена Америка: Трамп ќе победи!

-Доналд Трамп ја насетува својата шанса

Берман вели дека Елизабет Ворен и Ејми Клобучар, како и други кандидатки кои и натаму имаат шанса, имаат свои предности и маани. Но, нивниот пол тука не игра никаква улога.

На прашањето дали Ворен и Клобучар имаат било какви шанси против Трамп, Киртане има краток и јасен одговор: „Зошто не би имале?" Таа вели дека САД никогаш немале жена претседател. „Но, по полугодишните избори бо 2018 година има повеќе жени во парламентите и во американскиот Конгрес од било кога претходно."

Непотребно одвлекување на вниманието или паметен шаховски потег

Прашањето на шансите против Доналд Трамп предизвика пречки меѓу демократските кандидатки. Берман вели дека жестоката расправа нема поента за демократите и само го одвлекува вниманието од важните прашања. Корнфилд од друга страна целата работа ја сфаќа како паметен потег на Елизабет Ворен: „Знаеше дека по нешто ќе мора да се разликува од Сандерс, а тие во поглед на политичките прашања се разликуваат само во нијанси."

Дали ќе се одлучи дали демократите ќе номинираат жена како кандидат за претседател на изборите кои почнуваат на 3 февруари во Ајова и кои завршуваат во јуни? Дали кандидат или кандидатка ќе победи против претседателот Доналд Трамп ќе биде јасно дури на изборната вечер на 3.ноември? И натаму има време за жестоки дискусии.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама