Може ли Брегзит сепак да биде откажан? | Свет | DW | 24.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Може ли Брегзит сепак да биде откажан?

Претседателот на Советот на Европската Унија, Доналд Туск очигледно смета дека едно такво сценарио е возможно.

Во денешниот говор пред Европскиот парламент, претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск,  изјави дека разговорите за излегување на Велика Британија од Европската унија се најтежок тест за овој блок и повторно ги повика на единство останатите 27 членки на Унијата.

Туск рече оти Брегзит „и понатаму е најголем тест за издржливост и ако тој не помине, преговорите ќе се завршат со пораз (за ЕУ)“. Претседателот на Европскиот совет денеска во Стразбур уште истакна дека од Велика Британија зависи да одлучи дали ќе има добар договор за Брегзит или воопшто нема да има. Тој ја префрли топката и одговорноста на Лондон. „Од Лондон зависи како ова ќе се заврши, со добар договор, со лош договор или без Брегзит“, рече Туск пред пратениците во Европскиот парламент.

Тој додаде оти „ЕУ ќе може да го издржи секое сценарио ако не е поделена“. „Успеавме да го изградиме и да го одржиме единството меѓу 27 членки, но пред нас и натаму е најголемиот тест. Ако не успееме, преговорите ќе бидат наш пораз. Мораме да го сочуваме единството без разлика на насоката на преговорите. ЕУ ќе биде подготвена на секое сценарио само ако не сме поделени“, рече Туск.

Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ во март 2019 година, но преговорите напредуваат многу бавно. Дотолку дотогаш не биде постигнат договор или пак не дојде до откажување од Брегзит, Обединетото кралство нерегулирано ќе истапи од Европската унија со потенцијално тешки последици во прв ред за економијата.

 

DW.COM

Реклама