1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Belgien Brüssel Federica Mogherini, left, and EU Enlargement Commissioner Johannes Hahn
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/G. Vanden Wijngaert

Могерини и Хан горди на постигнатиот договор

ЕМФ
17 јуни 2018

Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, денеска во Преспа го поздравија потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името.

https://p.dw.com/p/2ziYI

Првиот дипломат на Европската Унија, Федерика Могерини, по потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името, во Преспа изјави дека е ова „важен ден за ЕУ“. Таа им се заблагодари на македонскиот и на грчкиот премиер Заев и Ципрас, нагласувајќи дека ги направиле сите Европејци „горди“ и дека ја направиле Европа „помирна и пообединета“.

„Се надевам дека ова ќе биде инспирација за сите во регионот да ги решат сите конфликти преку дипломатија и дијалог“, рече Могерини.

Таа додаде и дека ЕУ ќе дава поддршка на секој „следен чекор во овој процес".

Повеќе: Македонија и Грција ја запеаја песната на мирот

Еврокомесарот Јоханес Хан потенцираше дека патувањето до договорот беше долго. „Ова е крај на патувањето, но на некој начин и почеток на друго патување и сѐ води кон европска интеграција.“

Осврнувајќи се на ставовите на противниците на договорот, Хан рече дека смета оти сите „сфаќаат дека за договорот треба сите да дадат нешто, за да добијат нешто“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Nord-Mazedonien | Feierlichkeiten zum 151 Geburtstag von Goce Delcev (Goce Delchev)

Одбележување на роденденот на Гоце Делчев во тензии

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница