Могерини: Западен Балкан сега е партнер во безбедноста | Информации и анализи за Балкан | DW | 30.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Могерини: Западен Балкан сега е партнер во безбедноста

Високата претставничка за надворешна политика и безбедост вели дека досега Западен Балкан бил сметан за нестабилен регон, но оти се влегува во фаза каде земјите од регионот се партнери во безбедноста и одбраната.

Шефицата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини  непосредно пред денешниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Виена рече дека уште на вчерашното заседание имало многу корисна расправа за безбедноста и одбранбената соработка со Западен Балкан.

„Традиционално го гледаме Западен Балкан како регион на нестабилност, каде ЕУ многу години, ако не и децении, ја осигуруваше безбедноста. Сега влегуваме во фаза во која сме партнери во заедничката безбедност и одбрана“, рече Могерини.

Повеќе на темата:

-Вчера дел од проблемот- денес дел од решението

-НАТО во три брзини

-Што сака Русија на Балкан?

Таа изјави оти австриското претседавање работи на тоа Западен Балкан да биде високо во агендата на ЕУ, како што беше и за време на бугарското претседавање, и додаде дека очекува така да биде и за време на романското претседавање со Унијата.

„Разговаравме со министрите, заедно со НАТО и со ОН, со нашите клучни партнери во регионот, како да ја засилиме соработката во безбедноста и одбраната во регионот, што е интегрален дел од нашата соработка со Балканот“, изјави Могерини.

 

DW.COM

Реклама