Мобингот во Македонија според просекот во ЕУ | Македонија | DW | 30.06.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мобингот во Македонија според просекот во ЕУ

Според анкета на ССМ, речиси половина од работниците во Македонија секојдневно биле изложени на разни вознемирувања - мобинг на работните места. Дали Законот за мобинг кој стапи во сила деновиве конечно ќе ги заштити?

Во Македонија има мобинг на работните места, „тој е според просекот во земјите  од ЕУ“, велат експертите. Само мал дел од работниците во Македонија  кои биле мобингувани на работните места решиле да побараат правна помош од Канцеларијата за мобинг при ССМ (Сојузот на Синдикатите на Македонија) или да бараат разврска на суд. Еден од нив, кој оправдано сака да остане анонимен, а кој бил на раководна функција, директор на Јавно претпријатие во град во источна Македонија, за ДВ  ни го појаснува мобингот од страна на новиот директор кој бил наименуван на негово место:

„ Политички мобинг од страна на локални политички фактори, а за мое разрешување се врши од јуни 2009, а во мај 2012 бев разрешен од функцијата директор на едно водостопанско претпријатие. Новоименуваниот директор почна со мобингот од јуни до ноември 2012, а потоа продолжи и до ден денес. За сите шест месеци на одвоени средби континуирано ме малтретираше со психички тортури, ако не ја напуштам работата тој ќе ме истера без било какво обесштетување. Тоа и се случи во ноември 2012 без никаков основ со фалсификувана одлука за престанок на работниот однос“

Тој против ваквата одлука поднел тужба до Основниот суд, од каде деновиве очекува разврска, но неговите маки продолжиле и понатаму: „И денес од страна на актуелниот директор, се врши притисок врз судските органи за моите предмети, како и пријави до полициско-истражните органи за мое следење и истрага. Последните шест месеци по два - три пати месечно без основа, сум повикуван и испитуван во полиција, а наоди нема. За мене и моето семејство доволни се поканите, телефонските повици и присуството во полицијата. Поради тоа од јуни 2012 до денеска сум под целосен стрес и психичко вознемирување, проследно со седативи и антидепресиви. Денеска повеќе не работам,  а  и психички чувствувам дека не можам да работам“.

Textilfabrik Gudzov Nit in Veles

Голем број случаи на мобинг се пријавуваат од текстилните фабрики во Македонија

Психолозите појаснуваат во кои случаи некој работник е жртва на мобинг :

„Постојано ве навредуваат и се жалат на вас, Го следат секој ваш чекор,ве казнуваат не ви даваат работни задачи- го напаѓаат вашиот квалитет во работата. Некој се заканува и дека ќе ве истепа. Можеби и сексуално сте злоупотребени. Со сето ова е нападнато вашето лично здравје. Тоа укажува дека сте жртва на мобинг, а пред да ја изгубите самодовербата и паднете во депресија, обратете се за помош  од надлежните или некоја организација која се занимава со овој проблем“.

ССМ со подршка на работниците кои доживеале мобинг

Веќе две ипол години при ССМ делува Канцеларијата за мобинг, од каде даваат правна и морална поддршка на работниците кое претрпеле мобинг. Емилија Угриновска појаснува:

„Ние ја даваме подршката на работниците кога им е најтешко. Им даваме правни совети, па многу од нив потоа бараат и разврска на суд. Некои од нив добиле одлука во своја корист“.

Од ССМ апелираат сите работници кои се жртва на психичко, физичко и сексуално вознемирување, да го пријават и да си обезбедат заштита која им ја нуди Законот. Живко Митровски претседател на ССМ потенцира:

 „Како резултат на мобинг, државата месечно губи 1,7 милиони денари. Според една наша анкета дури 42 до 44 % од анкетираните биле жртва на мобинг, а најмногу од нив се од текстилната индустрија“.

За мобинг врз работникот, согласно законот предвидени се и парични казни од четири до пет илјади евра, а кои треба да го плати работодавачот или лицето кое врши мобинг.

Поврзана содржина