МНР: Осуда за транспарентите „Македонија е Бугарија“ во парламентот во Софија | Северна Македонија | DW | 25.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

МНР: Осуда за транспарентите „Македонија е Бугарија“ во парламентот во Софија

Македонското министерство гледа „експлицитен говор на омраза и територијални претензии“ во вчерашните (24.06.) случувања во парламентот во Софија.

Министерството за надворешни работи во Скопје денеска ги осуди натписите „Македонија е Бугарија“ кои ги носеа пратениците од партијата „Преродба“ во бугарскиот парламент за време на седницата за францускиот предлог за укинување на ветото за С. Македонија и побараа бугарските претставници да го осудат овој „експлицитен говор на омраза и територијални претензии“.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро ги осудува вчерашните натписи „Македонија е Бугарија“, кои можеа да се видат во рацете на одделни пратеници за првата точка во Народното собрание на Република Бугарија, но кои беа и усмено пренесувани од говорницата“, се наведува во соопштението.

„Таквите пораки се противни на европските демократски вредности, но и спротивни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот. Република Северна Македонија очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Северна Македонија како непримерен акт кон соседна пријателска држава“, велат од МНР.

Министерството за надворешни работи на С. Македонија врачи соодветна вербална нота со оваа содржина до бугарското Министерство за надворешни работи.

Во текот на вчерашната седница одреден број пратеници во бугарскиот парламентдржеа транспаренти на кои пишуваше „Македонија е Бугарија“.
Наводно, транспаренти истакнале припадници на пратеничката група на „Преродба“, како и гости на балконот од пленарната сала.

Претседавачот Атанас Атанасов побара да се тргнат транспарентите.

Бугарскиот парламент, инаку,  вчера со дополнителни четири услови го одобри францускиот предлог за укинување на ветото за доделување статус на кандидат на Северна Македонија за членство во ЕУ,