Мнозинството Германци се чувствува безбедно | Свет | DW | 06.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мнозинството Германци се чувствува безбедно

Нова анкета покажува дека повеќето граѓани во Германија имаат чувство на безбедност и покрај неодамнешниот терористички напад во Берлин. Сепак, довербата во германските безбедносни служби е намалена.

Мнозинството Германци реагира релативно смирено на скорешниот терористички напад во Германија. Според наодите на Институтот за истражувања „Инфратест Димап“, 73 проценти од испитаниците се чувствуваат „доста безбедно“, а 26 проценти се чувствуваат „доста небезбедно“. Анкетата беше спроведена од страна на јавниот медиумски сервис „АРД“ и весникот „Дие велт“ на почетокот на годината, само две недели по нападот во Берлин, во кој беа убиени дванаесет луѓе, а педесетина беа повредени кога товарен камион влета во толпата луѓе собрани на божиќниот пазар во германскиот главен град.

Спротивно на мислењето на многу политичари, се чини дека германските граѓани се помалку плашливи. Тоа е особено јасно кога станува збор за стравот од терористички закани. Впрочем, одобрувањето на јавноста за зголемениот надзор и видео набљудување е опаднато. Исто така, забележано е опаѓање на степенот на претпазливост на граѓаните кон други луѓе и објекти кои изгледаат сомнително. И покрај зголемените критики кон безбедносните служби по нападот во Берлин, повеќето Германци се чувствуваат доволно заштитени од закани од терористички напади.

Политичарите го преценуваат стравот кај гласачите

Еден државен огран кој беше предмет на дискусија за расизам на крајот од 2016 година, помина доста добро на анкетата: тоа е полицијата. Пред една година, по масовните сексуални напади во Келн и други градови, кон полицијата се гледаше со многу покритичен став. Сега, довербата во полицијата е повратена – 88 проценти од луѓето имаат „голема“ или „многу голема“ доверба во полицијата. Тоа е рејтинг за кој разузнувачките служби во Германија можат само да сонуваат. Повеќе од половина од испитаниците имаат „малку“ или „немаат воопшто“ доверба во Сојузната служба за заштита на уставниот поредок и контраразувнувачката агенција (БНД).

Bad Aibling Station Bundesnachrichtendienst (picture-alliance/dpa/A. Gebert)

Аферата со НСА наштети на довербата во БНД

За причините може да се шпекулира. Сепак, можно е за тоа да придонесува дубиозната улога на Сојузната служба за заштита на уставниот поредок во десничарското екстремистичко движење Национално социјаличтичко подземје (НСУ). Во случајот со БНД, улогата која ја имаше во скандалот со НСА, воопшто не ѝ помогна за нејзината популарност. Покрај сето ова, довербата во сојузната влада е зголемена за 6 проценти.

Бегалската криза е најважното прашање

Домашната безбедност и заштитата од терористички закание второ најважно прашање за германските гласачи. Имено, само 11 проценти од испитаниците веруваат дека тоа треба да биде приоритет на владата. Прашањето број еден за мнозинството граѓани е бегалската криза. Околу 40 проценти веруваат дека тоа треба да биде приоритет. Истовремено, се забележува мало зголемување на стравот од криминал (3 проценти) и намалување на довербата во пазарот на труд ( намалување за 10 проценти).

Споредено со декември, политичкото расположение во земјата е поповолно за владејачката ЦДУ и за крајната десница АфД. И двете партии добија два процентни поени во т.н. „Неделна анкета“, т.е. „За која партија би гласале доколку националните избори се одржат в недела?“. Социјалдемократската партија (СПД), коалициски партнер на ЦДУ, како и Партијата на Зелените забележаа еднаков пад на популарноста, за 2 проценти. Левицата останува на 9 проценти, додека поддршката за либералните Слободни демократи (ФПД), кои на изборите од 2013. не успеаја да обезбедат место во парламентот, останува 5 проценти.

 

DW.COM

Реклама