Многу неодговорени прашања за теророт во Берлин | Информации и анализи за Германија | DW | 19.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Многу неодговорени прашања за теророт во Берлин

Што знаеле органите на безбедност за нападот на божиќниот панаѓур во Берлин пред 2 години ? Владата го спречува испитувањето на важен сведок и сега против неа е покрената тужба. Со право, смета Марсел Фристенау.

Тоа беше најстрашниот исламистички напад во Германија. Пред две години, на 19 декември 2016 година, 11 луѓе загинаа во центарот на Берлин, кога Анис Амри со камион влета на божикниот панаѓур, на плоштадот Брајтшајдплац. Претходно го уби возачот на украденото возило.

Поранешниот претседател на Соузната служба за заштита на уставниот поредок (БфВ), Ханс-Георг Масен, тогаш овој ужас кусо го опиша како „полициски случај“. А, тоа значи дека: неговата служба (државната безбедност во Германија) знае малку или ништо за Амри, кој во Германија пристигнал како бегалец.

Дека тоа не е точно, може лесно да се докаже. Можеби е доволно да се спомене оти германските органи за безбедност Амри го идентфикувале како опасно лице - како некој кој би можел да изврши терористички напад. И затоа во повеќе наврати за Амри се интересирал Заедничкиот центар за борба против тероризам (ГТАЗ) кој ги обединува сојузните и покраинските центри за борба против тероризмот. Секако, на редовните состаноци на овој центар учествувала и Службата за заштита на уставниот поредок. 

Оправдани сомнежи

Поради бројните отворени прашања и противречности, опозицијата во Бундестагот бараше со овој случај да се занимава посебна истражна комисија. Таква комисија е основана во март и оттогаш се сослушани бројни сведоци - вклучувајќи и службеници од Службата за заштита на уставниот поредок кои секогаш оставаа впечаток дека во најдобар случај само слушнале за името Амри.

Повеќе:

-Терористичкиот напад во Берлин можел да биде спречен?

-Германските безбедносни служби се подобри отколку што ги бие гласот

Опозициските пратеници не можеа да поверуваат во тоа наводно незнаење. Нивните сомнежи се оправдани. Бидејќи, спротивно на првичните тврдења, Заводот за заштита на уставниот поредок и тоа како имал шпиони во опкружувањето на Амри. Нејасно е пак колку овие шпиони биле блиску до Амри. Тоа најдобро го знае нивниот непосреден контакт во Заводот - односно, шефот на шпионите. Меѓутоа, по наредба на Сојузната влада, на тие лица не им било дозволено да сведочат пред истражниот одбор. Причината е: заштита на изворите. „Изворите“ се всушност шпиони.

Kommentarfoto Marcel Fürstenau Hauptstadtstudio

Марсел Фирстенау

Сопствената лоша соработка со истражниот одбор на Бундестагот, Владата и надлежните државни институции сакаат да го оправдаат со наводното загрозување на безбедноста на шпионите, односно изворите. Фактички, властите со тоа го саботираат натамошното разјаснување на терористичкиот напад. Тоа така го гледаат и пратеничките групи на Левицата, Зелените и Либералите и поради тоа заедно ја тужеа Владата пред Сојузниот уставен суд. Нивните аргументи се уверливи. Во тоа спаѓа и интересот на јавноста - особено на преживеаните и на семејствата на жртвите - овој терористички напад да се расветли.

Државата ја отежнува истрагата

Колку е апсурден лажниот аргумент за загрозување на безбедноста, покажува и примерот на терористичката група „Национал-социјалистичко подземје“ (НСУ): шпиони и нивните шефови мораа да сведочат во парламентот пред истражните комисии и на судењето. За да не го откријат својот идентитет некои од нив беа маскирани со перики и со очила за сонце.

Не е важно што овие сведоци, во времето кога ги даваа изјавите, веќе не беа активни шпиони или нивни шефови. Бидејќи, во очите на верските или на расистичките фанатици, нема разлика меѓу активните и поранешните шпиони и нивните контакти во Заводот за заштита на уставот. Еднаш предавник, секогаш предавник - тоа е логиката на исламистите, но и на десничарските екстремисти.

Кога државата ја отежнува истрагата на злосторството поради страв од нивна одмазда, тогаш тоа е повеќе од загрижувачко. Добро е што Либералите, Левицата и Зелените се бранат со средствата на правната држава.

DW.COM

Реклама