Многу загинати во авионска несреќа во Непал | Свет | DW | 12.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Многу загинати во авионска несреќа во Непал

Во несреќата на патнички авион од Бангладеш во главниот град на Непал, Катманду, загинаа најмалку 39 лица. Се стравува дека бројот на жртви и натаму ќе се зголемува.

Така, други извори веќе зборуваат за до 50 мртви. Според властите, авионот на авиокомпанијата Ју Ес- Бангла од Бангладеш при слетувањето се оддалечил на десно од пистата на меѓународниот аеродром Трибхуван и се урнал во блиското фудбалско игралиште и потоа се запалил. На социјалната мрежа Фејсбук се објавени снимки во живо на кои се гледаа густи облаци од чад над фудбалското игралиште. Портпаролот на аеродромот соопшти дека полициските и противпожарните служби се обидуваат да го пресечат авионот за да спасат што е можно повеќе патници и членови на екипажот.

Гледај видео 00:51

Авионска несреќа во Непал

Според портпаролот на полицијата, 30 лица биле спасени живи на местото на несреќата. Вкупно 67 патници и четворица членови на екипажот биле пријавени на летот на урнатиот авион. Шансите за спасување на натамошни жртви се ниски,  бидејќи авионот претрпел огромни штети од пожарот, истакна портпаролот на армијата.

За причината за несреќата, засега има само шпекулации. Директорот на непалските воздухопловни власти, Санџив Гаутам, се сомнева во технички проблем. „Авионот имаше дозвола да слета од југ, но тој слетуваше од север", рече тој. „Ние сѐ уште треба да ја утврдиме причината за ова невообичаено слетување."

Аеродромот во Катманду беше затворен поради несреќата. Авионите што се приближуваа мораа да се вратат кон аеродром од кои полетале или беа пренасочени кон други блиски аеродроми.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама