1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
USA Weltbank-Zentrale in Washington
Фотографија: Reuters/Y. Gripas

Пад на економијата од 5,4 или 4.4 отсто?

ДТЗ /ДВ
14 октомври 2020

Меѓународниот монетарен фонд ја ревидираше прогнозата за падот на глобалната економија за 2020 година како резултат на последиците од пандемијата на Ковид-19.

https://www.dw.com/mk/%D0%BC%D0%BC%D1%84-%D0%B8-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BD%D0%BE%D0%B7%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D0%B4-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-54-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-44-%D0%BE%D1%82%D1%81%D1%82%D0%BE/a-55278812

Економијата на земјава во текот на оваа година ќе забележи пад од 5,4 отсто како резултат на последиците од пандемијата од Ковид-19, по што во текот на 2021 година ќе следи раст на БДП од 5,5 проценти. Ова се вели во најновата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со новото предвидување се ревидира прогнозата од април годинава, кога Фондот предвидуваше пад на македонскиот БДП за 2020 од четири отсто. Според ММФ, тенденцијата на раст на економијата во земјава ќе продолжи и во следните години и во 2025 година ќе изнесува 3,5 проценти.

Но, премиерот Зоран Заев денеска изнесе сосема поинакви очекувања. Тој вели дека Владата ги следи сите параметри во делот на БДП, на задолжувањето, во делот на приходите на државата и севкупните движења и тенденции, и дека нејзините очекувања се пад на економијата од 4,4 проценти, наспроти прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои предвидуваат намалување на бруто домашниот производ на земјата за оваа година од 5,4 отсто.

Коментирајќи ја октомвриската прогоза на ММФ, Заев рече дека првичните превидувања на Владата биле за пад на БДП до пет проценти, но сега се намалени на 4,4 отсто, заради тоа што се очекува антикризните мерки да го покријат тој пад од 0,6 процентни поени.

„Затоа пуштивме пари, затоа е четвртиот пакет на мерки и верувам дека ќе успееме во тоа. ММФ сега на квартално ги дава своите анализи и очекуваме да прават и нови проценки. Верувам дека ние имаме порелевантни податоци, ги следиме приходите на државата и производството. Верувам, според она што го следам, дека ќе бидеме една од државите со најмал негативен импакт, ако не и со најмал негативен импакт од корона кризата во регионот. Секогаш се бориме да се споредиме во успешноста во политиките и верувам дека ќе успееме“, рече Заев.

Во најновиот извештај, на ММФ пак, се предвидува стапката на инфлација во земјава во 2020 година да изнесува 0,9 отсто, а догодина да достигне 1,3 проценти. Од друга страна се проценува дека буџетскиот дефицит оваа година ќе достигне ниво од 4,7 отсто од БДП, а следната година од 3,8 проценти. Лани нивото на буџетски дефицит изнесуваше 2,8 отсто од БДП.

За земјите во регионот ММФ за годинава во најновиот извештај предвидува најголем пад на економијата на Црна Гора од 12 проценти, по што следуваат Грција со пад од 9,5 отсто, Хрватска - 9 проценти, Албанија и Косово по 7,5 отсто, Босна и Херцеговина 6,5, Турција -5, Романија 4,8, Бугарија - 4 и Србија со пад од 2,5 проценти.

За следната година меѓу земјите од регионот Фондот предвидува најголем раст на БДП на Албанија од 6,1 отсто, по што следуваат Косово и Хрватска со по 6 проценти, Србија и Црна Гора 5,5, Словенија од 5,2, БиХ и Турција по пет, Романија 4,6 и Бугарија и Грција со раст од по 4,1 отсто.

За во 2025 година ММФ прогнозира дека најголем економски раст меѓу земјите од регионот ќе имаат Косово и Србија од четири проценти, пред Северна Македонија, БиХ, Романија и Турција со по 3,5 отсто, Албанија 3,4, Хрватска и Црна Гора по три, Бугарија 2,9, Словенија 2,3 и Грција раст од само еден процент.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека глобалната економија ќе се намали за 4,4 проценти во 2020 година, 0,8 проценти над јунската прогноза, според објавениот извештај на Светските економски изгледи ( ВЕО).

„Оваа ревидирана прогноза се должи на малку послаби резултати во вториот квартал, како и знаци на посилно закрепнување во третиот квартал, што беше делумно неутрализирано со пад во некои економии во развој“, рече главниот економист на ММФ, Гита Гопинат на виртуелен брифинг со новинарите за време на годишните состаноци Светска банка и ММФ.

Таа додаде дека „излезот о оваа несреќа веројатно ќе биде долг, нерамен и многу неизвесен“. Во 2021 година, економскиот раст е проектиран на 5,2 проценти, 0,2 проценти под јунската прогноза.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Балкански земји, како Србија и Северна Македонија - преку Бугарија ќе можат да добиваат азербејџански гас кој е поевтин од рускиот

Македонски приклучок до „новата епоха“

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница