Мијалков остана без пасош, одлуката за притворот на Груевски утре | Македонија | DW | 02.07.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мијалков остана без пасош, одлуката за притворот на Груевски утре

Кривичниот совет на Основниот суд во Скопје ги отфрли барањата на СЈО за одредување мерка притвор за поранешниот началник на УБК, Мијалков и на Петтата управа во МВР, Грујовски- обвинети во случаите Тврдина и Таргер

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и екс началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски останаа без пасоши, но нема да добијат притвор како што бараше Специјалното јавно обвинителство. Двајцата поранешни функционери се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“ и „Таргет“. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, ги одби барањата на СЈО и им наложи на двајцата обвинети еднаш неделно да се јавуваат во судот и им ги одзеде пасошите. 

Одлуката за обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои е и експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кривичниот совет ќе ја соопшти утре. За нив, СЈО исто така бараше одредување мерка притвор. 

Гледај видео 01:34

Случајот „Таргет“


Досега судот ги одби барањата за притвор поднесени од СЈО за сите обвинети во вкупно 17 предмети, но нареди одземање на пасошите на повеќе лица, меѓу кои и за поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, за ексвицепремиерот Владимир Пешевски, како и за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Мерката одземање на пасош беше одредена и за двајца познати новинари. 

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно со соопштение го оквалификуваа СЈО како продолжена рака на владејачката СДСМ. 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама