Мицковски бара притвор за Јанева и оставка од владата | Северна Македонија | DW | 16.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Мицковски бара притвор за Јанева и оставка од владата

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска потсети дека бил уценуван од Катица Јанева во случајот со партискиот имот. Бара оставки од владата и предвремени парламентарни избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „пипците на криминалниот октопод оддат до врвот на власта“, многу „погоре од двајцата осомничени кои се жртвени јагниња“, во случајот „Рекет“ кој вчера го обелодени Јавното обвинителство. Мицкоски денеска изјави оти не верува дека целиот случај бил можен „без поддршка од врхушката на власта“.
Вчерашната акција ја третира како „обид да се спасат вистинските нарачатели и да не се дознае каква монструозна гарнитура владее со земјата“. Јавното обвинителство, според него, не работи независно.

Мицкоски бара притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева и за сите други вмешани во, како што го нарече, „криминалниот октопод“.
Мицкоски потсети дека и тој бил уценуван од Јанева пред неколку месеци кога од него, наводно, барала да даде поддршка за Законот за јавно обвинителство во замена за одмрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ја одби поканата на премиерот Зоран Заев за лидерска средба во петок со образложение дека на неа нема да се разговара за најпотребната точка, а тоа е датум за предвремени парламентарни избори.

 

DW.COM

Реклама