1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Michael Roth - Mitglied des Deutschen Bundestages
Фотографија: Markus Schreiber/AFP/Getty Images

Рот: Конечно треба да отпочнат пристапните преговори

СН/агенции
29 март 2021

Берлин силно го поддржува португалското претседателство со ЕУ за да се овозможи почеток на преговорите во јуни, порачал германскиот министер за Европа, Рот на средбата во Берлин со македонскиот вицепремиер Димитров.

https://p.dw.com/p/3rLo1

„Секогаш е убаво да им се посака добредојде на колеги и колешки во Берлин особено кога сстанува збор за Никола Димитров, добар пријател и доверлив партнер“. Со овие срдечни зборови  Михаел Рот го пречека денеска во Берлин македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров.

Државниот секретар за Европа во германското министерство за надворешни работи притоа нагласи дека германската влада ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија: „ На мислење сме дека треба конечно да отпочнат пристапните преговори. Силно го поддржуваме португалското претседателство, како би се овозможил почеток на преговорите во јуни оваа година“, истакна Михаел Рот.

Во исто време, тој,  ја охрабри Северна Македонија паралелно да работи на реформскиот процес, пред се’ на јакнење на правната држава, решителна борба против корупцијата, независно дејствување на судскиот систем, оти, како што рече,  тоа не е важно само за Унијата, туку многу поважно е за граѓаните на Северна Македонија.

Westbalkan Gipfel in London Nikola Dimitrov
Фотографија: Imago/A. Parsons

„Многу ме радува отворениот и пријателскиот пристап при размената на мислења со Димитров и Северна Македонија може и понатаму да се потпре на германската поддршка. Ние сакаме вашата земја да се најде на тој многу значаен и нужно потребен пат кон ЕУ“, порача Рот. 

Повеќе:

-ЕУ на Западниот Балкан „сама си пука во нога“

-Бугарско вето во ЕУ: Има ли надеж за пробив?

-Рот: Бугарија го држи во заложништво проширувањето на ЕУ

Македонскиот вицепремиер, пак, ја пренесе загриженоста од македонска страна дека секое натамошно одолговлекување со почетокот на преговорите со ЕУ, може да предизвика зголемена недоверба кон европската перспектива, не само на Северна Македонија туку и на регионот.  

Димитров истакна дека е потребно да се преземат решителни чекори за да се надминат сите непринципиелни барања, со цел земјата што е можно побрзо да ја добие долгоочекуваната и заслужена валидација преку одобрување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција.

„Проблематизирањето на идентитетските обележја на еден народ како што е јазикот и условувањето истото да биде дел од пристапниот процес, не само што претставува своевиден ултиматум, туку и оправдана причина за намалување на довербата на македонската јавност кон евроинтерациите. Би сакал да верувам дека Германија со својата препознатлива упорност и се разбира со нашите напори, ќе успееме сегашното разочарување да го претвориме во политички успех“, изјави Димитров.

Димитров и Рот размениле мислења и околу плановите за одржувањето на Самитот во Берлин во рамките на Берлинскиот процес планиран оваа година и заеднички се согласиле дека оваа иницијатива е значајна за регионот и неговото поврзување, особено преку активностите посветени на елиминирање на пазарните бариери.

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Бугарија протест ВМРО вето Македонија

Зошто во Бугарија пак ечи „Македонијаааа!“

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница