1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мирот не е на повидок

28 јули 2006

Израел ќе ја продолжи воената офанзива против Хезболах во Либан со цел создавање специјална безбедносна зона за одбрана на северниот дел на границата, но засега нема да преземе голема копнена офанзива. Советот за безбедност на ОН изрази шокираност од нападот врз нивните припадници во Либан, Ал Каеда најави активно вклучување во конфликтот

https://p.dw.com/p/Ac4b
Ајман ал Завахири
Ајман ал ЗавахириФотографија: picture-alliance/ dpa

Израелскиот министер за одбрана Амир Перец по средбата на безбедносниот кабинет во Ерусалим изјави дека е договорено засега да не се презема голема копнена офанзива во јужниот дел на Либан. Но и покрај тоа продолжува масовната мобилизација на резервниот состав. Израелски авиони продолжуваат со бомбардирање на цели на Хезболах во кои се јавува за најмалку 11 загинати. Шефот на европската дипломатија Хавиерт Солана повика на итен прекин на огнот.

Денеска во Вашингтон патува британскиот премиер Тони Блер кој под притисок на домашната јавност ќе се обиде да издехјствува од американскиот претседател Џорџ Буш да повика на запирање на огнот. Буш изјави дека е вознемирен од уништувањата во Либан, но отфрли каков било лажен мир, со кој смета дека нема да запрат нападите на екстремистите врз Израел

„ Што и да се направи по дипломатски пат мора да се однесува на главната цел. А тоа се терористичките активности. Една од работите за кои зборував кога ова започна да се случува, е дека е многу важно либанската демократија да преживее и да стане силна. Нашата политика е насочена токму кон тоа„ рече Буш

Во меѓувреме вториот човек на Ал Каеда Ајман ал Завахири предупреди дека неговата група нема да биде нем сведок на израелското бомбардирање на Либан и Палестинците. Во видео порака емитувана на ТВ станицата Ал Џезира тој ги повика муслиманите во светот да се придружат на ционистичката војна:

„Вие славите во овој свет, жртвите на тиранската зпадна цивилизација и нејзината глава Америка. Застанете на страната на муслиманите за да ја победиме оваа неправда„ рече Завахири

Советот за безбедност на ОН усвои заедничка изјава во која се изразува шокираност од израелското бомбардирање врз базата на светската организација во Либан во која загинаа четири лица. Изјавата, која сепак не содржи осуда на Израел ја прочита францускиот амбасадор Жан Марк де ла Саблие. Челнките на советот за безбедност изјавија дека Израел мора во целост да се придржува кон меѓународните правила и да увери дека персоналот на ОН не е цел на напади. Советот за безбедност го повика Израел на целосна истрага чии резултати би биле јавно објавени.