Минијатурни храмови по нарачка | Панорама | DW | 29.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Минијатурни храмови по нарачка

Молење без да мора да се оди некаде, без стрес... И, во храм кој сосема одговара на вашиот вкус. Во Тајван тоа е можно. Таму може да се нарачаат минијатурни храмови по мерка.

Храм по нарачка, испорака дома. За тоа е специјализирано едно тајванско претпријатие. Од 1993 година претпријатието Чунсао произведува храмови од бетон. Излеани во калапи, накитени и исфарбани во живи бои.

Работата на еден храм трае околу 6 недели. Многу од вработените во фабриката се земјоделци од околината. Тие работат со скратено работно време

Готов храм чини околу 1130 евра. За најскапите мора да се плати многу повеќе - до 56.000 евра.

Претпријатието во меѓувреме извезува и во странство. На пример, во Кина, или Сингапур. Муштериите таму се пред сѐ Тајванци во егзил, кои околу себе сакаат да имаат парче од татковината.

Особено омилени мотиви се Богот на Земјата и Богот на благосостојбата

Гледај видео 01:54
Now live
01:54 минути

Молење во свој храм

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама