Минималната плата не заштитува од сиромаштија? | Економија | DW | 04.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Минималната плата не заштитува од сиромаштија?

Кој работи полно работно време не би требало да е сиромашен – тоа треба да го гарантира минималната плата. Некои европски земји подобро ја остваруваат таа цел, други полошо. А, вторите не се оние на кои вие би помислиле.

Германија е меѓу земјите со највисока минимална плата во Европа. Кој работи полно работно време за минимална плата, добива околу 1.500 евра бруто. Ставката расте. Од 1 јануари 2019-та работодавците мораат да платат минимум 9,19 евра на час, односно 35 центи повеќе отколку досега. Површно гледано изгледа како Германија да котира добро во европски рамки. На врвот е Луксембург со околу 2.000 евра бруто месечно, а долните места се многу под германскиот минимум.

Но, за да се разбере дали и како се живее со минималната плата не е доволно ваквото рангирање. ДВ ги анализираше приходите кои ги остваруваат луѓето кои работат за минимална плата во 22 европски земји во кои важи правилото за минимална плата. Основа за анализата се податоците од 2017 година. Во кои земји работниците се загрозени од сиромаштија ако работат само за минимална плата?

Кнап ибегната сиромаштија

Според пресметките на ДВ, во Германија возрасен човек без деца со старата минимална плата од 8,84 на час по одбивањето на даноци и социјални придонеси дома може да однесе 1.110,50 евра. Тоа и не е така многу: само 14,50 евра ги делат од официјалната граница под која човек се смета за сиромашен. Според ЕУ, загрозен од сиромаштија е човек кога има на располагање помалку од 60 проценти од просечното примање во неговата земја. Границата за сиромаштија се однесува на релативна сиромаштија: оној кој во Германија важи за сиромашен е сиромашен во споредба со типичниот Германец. Во споредба со типичен Романец на пример пак, има многу повеќе пари на располагање.

Сепак, таа граница кажува многу нешта за тоа каква позиција имаат работниците со минимални плати во општеството. Колку многу се разликува нивната ситуација од онаа на типичен граѓанин во нивната земја? Колку имаат можности да учествуваат во дневните случувања и да го одржуваат животниот стандард кој важи за нормален во нивната земја?

Data visualization minimum wage vs poverty threshold vs median income

И покрај зголемувањето изложени на ризик од сиромаштија

Дополнителните 35 центи за час нема многу да го променат тоа колку се на границата на сиромаштија оние кои живеат од минималец во Германија: кај оние со полно работно време откако ќе се одземат сите задолжителни давачки ќе им останат уште само плус 20 евра месечно, што тешко дека ќе ги крене над прагот на сиромаштија. И секако, тоа е сѐ уште многу далеку од групата на средни примања, во која е е половина од населението од кои дел имаат повеќе, а другата половина помалку на располагање.

Како основа за оваа анализа е земена најповолната ситуација за работник со минимална плата: сингл, без деца и со полно работно време. Притоа, се претпоставува дека ги добива сите социјални бенефиции на кои има право. Врз оваа основа ЕУ исто така го пресметува и прагот на сиромаштија.

Споредено на европско ниво, Германија многу заостанува. Само во Естонија и Летонија е полошо. Таму дури и оние кои се сами и работат полно работно време за минимална плата, се на границата на ризик кон сиромаштија. Но дури и во Луксембург, земјата со највисока минимална плата во Европа, работниците тешко го надминуваат прагот на сиромаштија.

На врвот на новата листа сега води Романија. Прагот на сиромаштија во земјата за едно домаќинство е 137 евра месечно. Загарантираната минимална плата во Романија за полно работно време е двојно поголема од тоа. Меѓутоа, причината поради која земјата навидум добро котира е што таму и останатите плати се во просек ниски, објаснува Торстен Шултен, експерт за трудова политика во Европа во фондацијата „Ханс Беклер“: „Во земји со ниски плати, минималната плата е условно кажано подобро рангирана, отколку во земји со високи примања."

Гледај видео 01:01

Минимална плата

Слична, иако не толку екстремна, е ситуацијата и во економски послабите земји како Грција или Португалија. Сепак, Романија е екстремно погодена од сиромаштија. Речиси една третина од населението, според податоците од ЕУ, не може да си дозволи да си купи нешто ново за да ја замени старата износена облека.

Германија: минимална плата, високи социјални давачки

Но и некои земји во кои платите во просек се повисоки котираат подобро од Германија. На пример, во Велика Британија минималната плата е добри 650 евра над границата на сиромаштијата, што повеќе оди кон средна просечна плата. Ова во голема мера се должи на високиот степен социјални бенефиции за лицата кои примаат минималец. Со помош на субвенции за домување и субвенции за плата, како и ниски даноци, еден работник со минимална плата може да очекува 300 евра повеќе во бруто платата. Слично е и во Холандија.

Во Германија пак, оние кои примаат минимална плата не само што не добиваат поволности, туку, напротив, имаат многу давачки. На пример, околу 300 евра месечно од бруто приходот одат за социјално осигурување. Ова е голем проблем за многу работници кои имаат ниски примања, вели Барбара Биндер, која ја истражува нееднаквоста во приходите на Институтот за технологија (КИТ) во Карлсруе.

„Дури и кај оние со ниски примања социјалните придонеси во Германија се многу високи. Интересно е да се види како различно европските земји ја проценуваат потребата од поддршка за оние кои работат за минимална плата." Но, и без државна помош, оние кои работата за минималец во Велика Британија и Холандија имаат околу 30% повеќе на располагање месечно од оние кои живеат на границата на сиромаштија. Една од причините за тоа може да биде кампањата „Плата за живот" во Велика Британија, која таму со години влијаеше врз дискусијата за минимални плати. Фондацијата „Плата за живот " се залага кај политичарите за минимална плата со која во Велика Британија ќе може да се покријат животните трошоци. Во моментов минималната плата, како и во многу европски земји, е поврзана со просечната плата во земјата. Нивото од 10 евра, кое според оваа фондација би претставувало соодветен минимум за минимална плата, сѐ уште не е достигнато. Но, кампањата сепак имаше влијание врз политиката. По зголемувањето на минималната плата во 2016 година британската влада и официјално почна да зборува за „Национална плата за живот".

Data visualization minimum wage in Europe vs poverty threshold

Кој добива минималец?

Изненадувачки малку информации има за тоа кој добива минимална плата и каков животен стандард се гарантира со неа. „Дури и во истражувањата ова често се прашува", вели Барбара Биндер од КИТ. Општо е познато дека жените, помладите луѓе, лица со посебни потреби, етнички малцинства и ниско образовани луѓе се најчесто полошо платени. Дури и во Германија 60% од лицата кои примаат минималец се жени.

Оној кој има деца, одвај преживува

Оној кој не работи полно работно време, а добива минималец, одвај врзува крај со крај. Тоа во Германија е случај со повеќето приматели – речиси половина од оние кои земаат минимална плата се „мини-џоберс", односно луѓе кои работат само неколку часа неделно за максимална заработувачка од 450 евра месечно. 30% пак работат со скратено работно време. За овие луѓе, особено ако се семејства со деца, ситуацијата е значително потешка.

Гледај видео 02:27

Колку заработуваат Германките, а колку Ангела Меркел?

Според пресметките и анализите на германската влада, дури и оние самохрани родители кои работат со полно работно време за минимална плата, не можат да ги покријат животните трошоци. И тука Германија не е исклучок. На едно семејство со две деца во Романија му се потребни најмалку 710 евра месечно за да ги плати сите неопходни трошоци, покажува анкетата на „Кампањата за чиста облека" спроведена меѓу вработените во текстилната индустрија.

Речиси половина Романци живеат од минималец

Романија во последниве години во голема мера ја зголеми минималната плата. Речиси тројно од 2010 година до сега. Од 1 јануари годинава романските работници имаат право на најмалку 2.080 романски леи месечно плата, што е некаде околу 447 евра. Со ова зголемување многу луѓе ќе добијат повисоки плати бидејќи претходно заработуваа многу помалку.

Романија во меѓувреме е земјата со највисок процент на работници кои добиваат минимална плата во цела Европа: според извештајот на Еурофонд, во 2017 година секој четврти од десет вработени работел за минималец. За споредба, во Германија во истиот период на мининална плата биле само 3,6%, односно 1,4 милиони работни места. Иако на прв поглед можеби изгледа загрижувачки, на голем дел од работниците кои добиваат минималец сепак не им е лошо. Позитивното во Романија е тоа што во последниве години ситуацијата на многу работници им е подобрена.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама