1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милиони американски граѓани биле прислушувани

Даниел Шешкевиц12 мај 2006

Американската тајна служба “Национална безбедносна агенција“, или кусо НСА, со години прислушувала милиони американски граѓани, пишува весникот USA Today. Информациите на властите им биле доброволно доставувани од страна на најголемите американски телефонски компании.

https://p.dw.com/p/Ae1j
Фотографија: bilderbox

Според најчитаниот весник во САД, USA Today, тајната служба НСА од 2001 година досега контролирала податоци на повеќе десетици милиони граѓани. Податоците и биле доставувани од страна на три телефонски компании. Само еден од понудувачите на телефонски услуги, фирмата “Квест“ се спротивставила и не ги дала податоците од своите муштерии. Цел на акцијата била да се создаде национална база на податоци која би се кроистела за одбрана од тероризам. Пратеникот демократ во Конгресот, Патрик Лији, е огорчен:

“Срамота е што каскаме и очигледно доброволно одобруваме се што оваа влада прави. Конгресот, контролиран од републиканците се противи да постави критички прашања, а ние од весник мораме да дознаваме што ни се случува во земјата. Треба да си одиме дома.“

Американскиот претседател, Буш, се обиде да се спротивстави на изjавите дека граѓаните биле шпионирани. Без да го демантира или потврди извештајот, тој тврди дека активностите биле спроведени строго според законот.

“Приватната сфера на нашите граѓани е строго заштитена од странa на владата. Ние не душкаме и не чепкаме во приватниот живот на нашите граѓани.“

Според Буш, активностите биле насочени исклучиво против Ал Каеда, а освен тоа избрани пратеници од двете партии биле информирани за мерките на прислушување. ИНаку, владата на Буш досега тврдеше дека преограмата за набљудување на НСА се однесува само на телефонските разговори на американски граѓани во странство со лица осомничени за тероризам.