Меѓу Белград и Приштина страдаат студентите | Балкан | DW | 20.07.2010
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Меѓу Белград и Приштина страдаат студентите

Припадниците на малцинствата во Косово, претежно Бошњаците, Турците и Ромите не можат да се запишат ниту на Универзитетот во Приштина, ниту на српскиот Универзитет во Митровица. Проблемот е политиката.

default

Припадниците на малцинствата во Косово кои сакаат да студираат се најдоа приклештени поради политичките проблеми меѓу Белград и Приштина. Повеќето завршени средношколци, претежно од бошњачката заедница, не можат да се запишат на некој од посакуваните факултети во Приштина затоа што не го знаат албанскиот јазик, а на српскиот Универзитет во северна Митровица не ги признаваат нивните средношколски дипломи бидејќи им се издадени од „Република Косово“. Не можат да се запишат ниту надвор од Косово, затоа што пасошот не им е признат.

Генералниот секретар на Универзитетот во северна Митровица, Ранко Ѓокиќ ја оправдува одлуката на неговата институција.

„Не можеме да примаме бруцоши со дипломи на т.н. Република Косово. Постојат и други практични причини, на пример: според која студиска програма, односно образовен систем го завршиле училиштето, колку е тоа компатибилно со овдешното средношколско образование, во колкава мерка е тоа доволна претпоставка за еден студент, кој завршил такво училиште без адекватно признание, да може да ги продолжи студиите на одреден факултет? Значи со дипломи на УНМИК- да, со дипломи Република Косово- не може!“

Diplom Sarajevo Pristina

Србија не ги признава косовските дипломи

На другата страна, заменикот косовски министер за образование Усмен Балџи објаснува:

„Се гледа дека универзитетот во Митровица со непризнавањето на косовските дипломи не сака интеграција во косовскиот образовен систем. Кога Митровица би се интегрирала во системот, тогаш би ги признавала и дипломите. Тогаш и на нашите деца би им било полесно. Проблемот е во тоа што Србија не ги признава нашите дипломи, не е проблемот кај нас“.

Издавањето дипломи со печат на УНМИК или на Република Србија сега е невозможно затоа што постои косовско министерство за образование. „Неприродно е во Призрен да се добива диплома со печат на Република Србија. Сите знаеме дека е тоа илузорно“, вели Балџи.

Младите страдаат поради политиката

И додека официјалните лица се правдаат со политичките проблеми, страдаат оние на кои високото образование им е најважно.

Rektorat Pristina Universität Mitrovica

Ректоратот на Приштинскиот Универзитет

„Во Приштина не можам да се запишам затоа што не знам доволно албански, а за во Сараево немам пасош. Веројатно најдобра опција би била Митровица, но бидејќи на дипломата ми пишува Република Косово, таму не ја признаваат. Не знам што да правам. Некои мои колеги минатата година добија дипломи на кои пишува УНМИК па така успеаја да се запишат, но тоа веќе го нема оваа година“, вели несудениот студент Харис Сеферовиќ.

„Бидејќи не можам да го запишам она што го сакам, имам две опции - да се откажам од студиите или да запишам нешто што не сакам. Сето тоа е поради политиката за која ние младите не сме виновни“, дополнува Дамир Муратовиќ.

Автор: Рефки Алија / Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска