Меѓународна рација против италијанската мафија | Свет | DW | 05.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меѓународна рација против италијанската мафија

Во рација против италијанската мафијашка организација 'Ндрангета, спроведена во Германија, Италија, Белгија и Холандија, се уапсени повеќе лица и претресени стотици објекти.

Кородинатор на меѓународната акција против италијанската мафија беше Европската агенција за правосудство - Еуројуст. Акцијата во Германија се одвиваше во покраините Северна Рајна Вестфалија и Баварија. Само на германска територија е извршен претрес на повеќе од 100 објекти, меѓу кои и пицерии, пишува весникот „Билд“.

Калабриската 'Ндрангета важи за најмоќна италијанска мафијашка организација. Таа доминира со шверцот на дрога во насока на Европа, но пари заработува и со трговија со оружје, перење пари и корупција. Експертите проценуваат дека 'Ндрангета годишно прави обрт помеѓу 50 и 100 милијарди евра. Американската сојузна полиција ФБИ смета дека 'Ндрангета, која е основана во 1860 година, има околу 6.000 членови и 160 кланови. Поимот 'Ндрангета потекнува од грчкиот јазик и значи нешто како храброст или верност.

'Ндрангета е активна и во Германија. Нејзе ѝ се припишува мафијашкото убиство во Дуизбург во 2007 година.

Колку лица се уапсени и каде точно имало претреси засега не е познато. Според италијанската новинска агенција Анса, акции имало и во Јужна Америка.

Повеќе: 

Мафијата во Србија стана недопирлива

Нова европска мафија

Вчера италијанските иследници ѝ нанесоа тежок удар на сицилијанската Коза Ностра. Во акцијата беа уапсени 46 мафијаши, меѓу кои и еден од шефовите на Коза Ностра, соопшти италијанската полиција. Се тврди дека е разбиено раководството на мафијашката организација. Уапсените 46-мина мафијаши се осомничени за илегално поседување оружје, уцени, насилнички напади и подметнување пожари.

DW.COM

Реклама