Метеор снимен над езерото Мичиген во САД | Панорама | DW | 07.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Метеор снимен над езерото Мичиген во САД

Во регионот над езерото Мичиген во САД во текот на изминатата ноќ се урна метеор. Небесното тело го проби звучниот ѕид, што предизвика тресење на куќите во регионот.

Метеорот кој го надлета ноќеска езерото Мичиген го осветли небото над неколку сојузни држави на американскиот среден запад. Камерите во полициските автомобили во Висконсин и Илиноис околу 1 часот и 30 минути по локално време снимија голема светла топка која брзо се движи.

Американското метеорско друштво наведе дека таква појава е видена во Индијана, Мичиген и во други сојузни држави во САД.

Метерологот Џеф Ласт од градот Грин Беј во Винсконсин изјави оти метеорот го пробил звучниот ѕид поради што се затресле куќите во тој регион.

На радарот се видело дека метеорот поминал над езерото Мичиген, но не е јасно дали паднал таму или се распрснал на небото, рече Ласт.

Гледај видео 00:35

Спектакуларни снимки на метеор во САД

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама