Мерките го спречија Руте да си ја посети мајката на смртна постела | Свет | DW | 25.05.2020

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Мерките го спречија Руте да си ја посети мајката на смртна постела

Холандскиот премиер Марк Руте не бил во можност да ја посети својата мајка во последните денови од нејзиниот живот затоа што морал да ги почитува ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот.

Руте денеска соопшти дека неговата 96-годишна мајка починала во старечки дом во Хаг на 13 мај, речиси два месеци откако неговата влада воведе рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирусот. Согласно тие мерки беше забранета посета на старечки домови и домови за нега на стари лица.

„Премиерот ги почитуваше сите директиви“, изјави портпаролот на Руте, објаснувајќи зошто премиерот не ја посетил својата мајка пред смртта.

Мајката на Руте не почина од коронавирус, иако во нејзиниот дом се појави вирусот.

„Се простивме од неа во кругот на семејството и се надевам дека ќе бидеме во можност да се справуваме со загубата во мир“, изјави Руте.
Од денеска, холандските власти дозволија поединечни посети на старечките домови. Во земјата досега се регистрирани над 45 илјади заразени и 5,800 смртни случаи од коронавирусот.