Меркел ја потсетува Турција на слободата на мислење и печат | Свет | DW | 02.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел ја потсетува Турција на слободата на мислење и печат

При својата прва посета на Турција по обидот за пуч, германската канцеларка потсетува на обврската на Анкара да се придржува кон правата на слобода.

Германската канцеларка Ангела Меркел на денешната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, го опомена домаќинот на обврските за придржување кон основните човекови слободи. Во решавачката фаза на справувањето со обидот за пуч од јули 2016. година, исклучително важно е во Турција да бидат запазени слободата на мислење и на поделбата на власта, изјави Меркел. Со оглед штотурската влада, по обидот за државен преврат, заострено се пресметува со критичките новинари и опозиционите политичари, Меркел по двеиполчасовниот разговор со Ердоган истакна: „Опозицијата претставува неразделен дел од демократијата“.

Турскиот претседател пак, застана во одбрана на воведувањето претседателски систем во земјата, наспроти критиките од Запад. Воопшто не станува збор за укинување на поделбата на власта, како што стравува опозицијата, рече Ердоган по средбата со Меркел. Според него, посетата на германската канцеларка  е важна за односите меѓу Германија и Турција, а  постоење заедничка соработка  и „солидарност“ е посебно важно меѓу партнерите на НАТО.

Ангела Меркел пледирала за присуство на независни експерти од Организацијата за европска безбедност и соработка во функција на набљудувачи на турскиот референдум за промена на уставот за премин кон претседателски систем.

Канцеларката по попладневните разговори со турскиот премиер Бинали Јилдирим, за вечерта планира средба и со претставници на најголемата опозициска група во турскиот парламент, партијата ЦХП, како и на прокурдската опозициска партија ХДП.

 

DW.COM

Реклама