Меркел третпат негативна на Ковид-19, но останува во карантин | Свет | DW | 30.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Меркел третпат негативна на Ковид-19, но останува во карантин

Германската канцеларка Ангела Меркел може да здивне откако и третиот едноподруго тест покажа негативен резултат на коронавирус. Таа сепак ќе остане дома, како и британскиот премиер Борис Џонсон кој е заразен.

„Канцеларката ќе продолжи да работи од домашниот карантин и во следните неколку дена“, потврди владин портпарол во Берлин, откако беше објавено дека досега нема знаци на зараза кај Меркел. Таа е во карантин од 22 март, откако беше информирана дека на 20 март контактирала со лекар кој бил позитивен на коронавирус. Лекарот ја вакцинирал германската канцеларка од пневмокока, вид на бактерија која може да предизвика пневмонија.

И британскиот премиер Борис Џонсон работи од дома откако стана првиот светски лидер заразен од коронавирус. Веста за неговата болест беше објавена во петокот, а денеска тој одржал состанок со својот кабинет преку видео-врска.

DW.COM

Реклама