Меркел со апел до Ерменија и Азербејџан за итен прекин на огнот | Свет | DW | 29.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Меркел со апел до Ерменија и Азербејџан за итен прекин на огнот

Германската канцеларка е последна во редот светски државници кои од двете завојувани страни во судирот во Нагорно-Карабах побараа прекин на вооружениот судир. За тоа денеска ќе расправа и Советот за безбедност на ОН.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска апелираше на „моментален прекин на огнот“ во Нагорно-Карабах, каде и денес се водат жестоки борби меѓу азербеџанските сили и ерменските сепаратисти.

Меркел имаше одделни телефонски разговори со лидерите на Азербејџан и на Ерменија.„Канцеларката ја нагласи итноста од моментален прекин на огнот и враќање на преговарачката маса“, се наведува во соопштението од нејзината канцеларија.

Жестоките борби меѓуазербеџанските сили и ерменските сепаратисти во Нагорно-Карабах продолжја и утрово. Азербејџан започна нова офанзива само неколку часа пред закажаниот итен состанок на Советот на безбедност на ОН.

Повеќе:

-Што поттикнува војна за Нагорно-Карабах?

-Нагорно-Карабах: Вооружениот конфликт ескалира

-Вистинско решение за конфликтот во Нагорно-Карабах во моментов нема

Официјалниот биланс на загинати во борбите до денеска е 95, меѓу кои има 11 цивили, 9 во Азербејџан и двајца од ерменска страна. Вистинскиот биланс би можел да биде полош, бидејќи и двете страни тврдат дека убиле стотици непријателски војници.

Ерменија и Азербејџан со децении се борат околу Нагорно-Карабах, област со мнозинско ерменско население , која за време на советската ера беше припоена на Азербеџан.

Karte Armenien Aserbaidschan Berg-Karabach EN

Советот на безбедност на ОН ќе се сретне денеска подоцна за да разговара за кризата во областа Нагорно-Карабах, во која дојде до конфликт меѓу ерменската и азербеџанската војска. Вонредниот состанок го побараа Белгија, Франција, Германија, Естонија и Велика Британија, а во разговорите, кои ќе бидат затворени за јавноста и без претставници на завојуваните сили, ќе присуствуваат претставници на околи 15 членки на Советот на безбедност на ОН.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претходно нагласи потреба веднаш да запрат вооружените конфликти и без предуслови и одложување да продолжат преговорите. Светските сили, вклучувајќи ги и САД, Русија, Франција и Германија, исто така, ги повикаа двете страни да запрат со вооружените конфликти и да ги продожат разговорите.

 

Реклама