Меркел смета дека острите антитерористички закони се неопходни | Германија | DW | 09.09.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Меркел смета дека острите антитерористички закони се неопходни

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека војната против тероризмот ќе трае уште долго. Таа го означи како неопходно заострувањето на многу закони од областа на безбедноста по нападите врз САД во 2001 година.

Ангела Меркел

Ангела Меркел

Десет години по нападите врз САД, на 11 септември 2001 година, Меркел во телевизиско интервју истакна дека меѓународната заедница мора да соработува за да научи како решително да му се спротивстави на тероризмот. Опасност од терористички напади, според канцеларката, и натаму постои. Таа го означи како неопходно заострувањето на многу закони од областа на безбедноста по нападите врз САД во 2001 година. Ограничувањата на граѓанските права и слободи и контролите се неопходни за осигурување на повисокото добро на мирен живот, изјави Меркел.

Инаку, полицијата во Берлин вчера уапси двајца осомничени исламистички терористи. 24-годишен Германец со либанско потекло е осомничен дека заедно со 28-годишен соучесник, со потекло од Појасот Газа, планирал бомбашки напад и оти за тоа наводно нарачал хемикалии. Портпарол на полицијата изјави дека истрагата траела повеќе месеци.

Автор: СН/ЖА/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска