Меркел призна немоќ наспроти Путин | Информации и анализи за Германија | DW | 18.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Меркел призна немоќ наспроти Путин

По неколкумесечна пауза поранешната германска канцеларка зачести со јавните настапи. Во подолго интервју таа нагласи дека нејзиното влијание на крајот од мандатот ослабнало, особено во однос на рускиот претседател.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел нема илузии за нејзиното влијание на крајот од мандатот.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел нема илузии за нејзиното влијание на крајот од мандатот.

Пред десетина дена таа по неколку месеци пауза повторно се појави во јавноста. Во разговорот со новинарите и гостите во театарската сала на Берлинскиот ансамбл, Ангела Меркел конечно го изнесе својот став за војната во Украина, нешто што многумина во Германија одамна го очекуваа. 

Сега поранешната германска канцеларка, повторно се „јави за збор“ и во опширно интервју за германскиот медиум „РНД“ , меѓу другото истакна дека постои можност да биде посредник во решавањето на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Таа не ја исклучи можноста да биде посредник во подоцнежната фаза. Меркел, исто така, го бранеше проектот за гасоводот Северен тек 2.

Ново место за Меркел во Канцлерамтот

Овој проект поради руската агресија на Украина беше запрен, меѓутоа, таа тврди оти одлуката на тогашната германска влада да се изгради таков проект била добра. Меркел верувала во врската низ трговијата со втората по големина нуклеарна сила во светот. Таа нагласи дека во тоа време тезата била „ако Северен тек 2 биде во функција, Путин повеќе нема да испорачува гас низ Украина, ниту ќе ја нападне“.

Повеќе: Недостигот на самокритичност на Меркел

„Русија ја нападна Украина на 24 февруари кога гас сѐ уште не течеше низ Северен тек 2. Во таа смисла, гасот не беше оружје“, рече Меркел.

Таа нагласи оти конфликтот во Украина претставува „пресвртница во европската историја“ и дека рускиот претседател, Владимир Путин, мора да се сфати сериозно. Меркел оцени оти нејзините одлуки додека беше на функцијата германска канцеларка и нејзиното заминување од таа функција можеби имале влијаните врз Путин да донесе одлука за започнување воена операција во Украина.

Меркел изјави оти минатата година се обидела да разговара со Путин за европски безбедносен проект, но рускиот претседател не бил заинтересиран.

„Беше јасно дека нема уште долго да бидам на функција и затоа констатирав оти разни обиди да се влијае врз него нема да имаат ефект. Од една страна, Путин веќе не беше подготвен за нов самит во стилот на Нормандиската четворка, а од друга страна не успеав со овој, да започнам дополнителен руско-европски формат за дискусија за поредокот на европската безбедност“, рече Меркел, мислејќи на состаноците меѓу Германија, Франција, Русија и Украина кои резултираа со договорите од Минск од 2014 и 2015 година.

Таа, исто така, повтори дека стои зад одлуката да го блокира барањето на Украина за влез во НАТО сојузот од 2008 година.