Меркел признава вина за покраинскиот изборен дебакл | Свет | DW | 05.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел признава вина за покраинскиот изборен дебакл

Канцеларката Меркел призна и сопствени грешки за лошиот резултат на партијата ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург Предна Померанија, но во основа таа не гледа причина за менување на својата политика кон бегалците.

Германската канцеларка Ангела Меркел, која се наоѓа во Кина, каде учествува на Самитот на Г20, го коментираше исходот на покраинските избори во Мекленбург Предна Померанија, на кои нејзината партија Христијанско-демократската Унија забележа катастрофално лош резултат. „Многу сум незадоволна од исходот“, изјави Меркел пред новинарите. Причината за изборниот пад на својата партија, на трето место, таа ја гледа во ланскиот нараснат број мигранти. „Секако, тоа е поврзано со бегалската политика, но сепак јас останувам на своите донесени одлуки и ги сметам за правилни“, истакна Меркел.

Според Меркел, подемот на деснопопулистичката партија Алтернатива за Германија (АфД) се должи на фактот што очигледно многумина граѓани немаат доволно доверба во компетенциите за наоѓање решенија на владата. Слична оценка даде и генералниот секретар на ЦДУ Петер Таубер по телефонската конференција со раководството на ЦДУ со Меркел. Коалицијата на партиите од Унијата и СПД веќе постигна огромен напредок во совладувањето на бегалската криза и значително е намален бројот на пристигнати бегалци. Меѓутоа, сега е потребно време за враќање на загубената доверба“, рече Таубер во Берлин.

Deutschland Landtagswahl Mecklenburg-Vorpommern

АфД се чувствува полетно

АфД сака да ја наследи ЦДУ

АфД пак веќе се гледа како легитимен наследник на ЦДУ. Заменикот лидер на партијата Александер Гауланд за новинската агенција ДПА изјави: „Ако продолжиме вака, верувам дека ќе успееме да ја истиснеме ЦДУ. Оваа партија е само плашт обвиткан околу канцеларката.“

ЦДУ првпат во една покраина, и тоа токму во политичката база на Ангела Меркел, заостана зад АфД. Според неофицијалните резулттаа, СПД освои 30,6 проценти од гласовите и повторно ќе има свој премиер. На второ место според гласови е АфД со 20,8, а на трето ЦДУ со 19 проценти.

Реклама