Германската канцеларка, Ангела Меркел, најави дека вработените во домовите за нега на стари и болни лица и нивните штитеници ќе бидат меѓу првите кои ќе имаат пристап до вакцината против коронавирусот.
Во своето неделно видео обраќање, денеска Меркел рече дека корисниците и вработените во домовите за нега „ќе имаат приоритет“ откако вакцинатаќе биде достапна. Речиси еден милион луѓе во Германија живеат во разни домови за нега на стари и болни лица.
-
Држење дистанца- креативно!
Љубов на далечината
Да се оствари пријатно познанство или да се флертува со убава девојка или убаво момче седејќи на клупа? Зошто да не! Само не заборавајте да држите дистанца. Оваа клупа укажува дури и колкава.
-
Држење дистанца- креативно!
Мечиња на маса
Во моментов, во многу ресторани во Германија, на секоја втора маса има натпис „Ве молам, не седнувајте“. Сопственикот на ресторанот „Beef'n Beer“ во Хофхајм на Таунус го решил овој проблемот духовито: на секоја маса на која не треба да се седи ставил плишни мечиња.
-
Држење дистанца- креативно!
Во друштво на кралицата
Ресторанот „Клостервирт“ во центарот на Минхен избра друга опција. Од 25 мај тука можете да вечерате со британската кралица и со други светски познати личности. Големи фотографии од нив „седат“ на масите кои треба да останат празни.
-
Држење дистанца- креативно!
Максималната шапка на Максима
Шапката со широк обод ќе ви помогне да држите дистанца со стил. Каква што е, на пример, оваа шапка на кралицата на Холандија Максима. Иако е пожелно таа да биде уште поголема.
-
Држење дистанца- креативно!
Разреден аудиториум
Драмскиот театар „Берлински Ансанбл“ во германската престолнина се подготвува повторно да ја пречека публиката. Но, сè уште не во целост. За идните настапи одлучија значително да ги „разредат“ редовите со места за гледачите.
-
Држење дистанца- креативно!
Во својот круг
За да не се преполнат одморалиштата во парковите и тревниците, властите во германскиот градХајделберг решија да исцртаат кругови на тревата со креда. Ем безбедно, ем сите спокојни.
-
Држење дистанца- креативно!
Куче со елизабетанска јака
И сопственикот носи маска, и кучето е заштитено со јака, која им е позната на многу љубители на кучиња и пред пандемијата на коронавирусот. Се нарекува ветеринарна или елизабетанска јака или конус. И сопственикот може да носи нешто слично (ако сака!).
-
Држење дистанца- креативно!
Плисирани здолништа
Овие меки здолништа (добро, можеби малку потесни) се носеа во ерата на англиската кралица Елизабета I. Со нив, растојанието е загарантирано!
-
Држење дистанца- креативно!
Држете го клунот на растојание
Ова е маска од познатиот карневал во Келн. Слични се носеле уште во Средниот век. Но, тогаш се верувало оти со нив се заштитувале од чума. Сега - од коронавирусот.
Германија сака да купи 100 милиони дози од вакцината која ја развиваат американската Фајзер и германската фармацевтска компанија БиоНТек.
Повеќе:
-„Бионтек“: Турското семејство кое ја создаде вакцината против коронавирусот
-Коронавирус: Вакцинирање во Германија уште пред крајот на 2020?
-Драматичен апел на Меркел: „Ве молам, останете дома“
Во денешниот видео подкаст Меркел уште еднаш ги предупреди граѓаните на тешки месеци поради пандемијата. „ Претстојната зима ќе бара многу жртви од сите нас. Вирусот ќе ги одредува нашите животи уште долго време“, рече канцеларката
Германскиот институт Роберт Кох денеска пријави дека во последните 24 часа се регистрирани 22.461 новозаразени и 178 починати лица. Од почетокот на пандемијата во Германија се забележани 773.556 потврдени случаи со коронавирусот и 12.378 починати.
-
Германските туристички атракции во време на корона
Дворецот Нојшванштајн
Баварскиот крал Лудвиг Втори бил самотник и самотијата ја сакал и во своите дворци. Но, по неговата смрт во 1886 година, во неговите резиденции има се повеќе туристи. Најпознатата - дворецот Нојшванштајн, во една сезона го посетуваат и по 6.000 луѓе дневно. А сега ги има само околу илјада на ден.
-
Германските туристички атракции во време на корона
Катедралата во Келн
Обично таа е полна, речиси како и на блиската железничка станица. Но, во време на пандемија на коронавирус, во катедралата смеат да бидат истовремено само 300 лица. Затоа, посебно на викенд, се формираат долги редици на оние кои чекаат. А кога ќе влезат, имаат речиси единствено доживување на огромната катедрала без безбројни посетители.
-
Германските туристички атракции во време на корона
Дворецот Хајделберг
Романтичниот дворец, делумно во урнатини, кој се наоѓа над реката Некар, инаку го посетуваат околу 4.000 туристи дневно. Сега се преполовени, но управникот на дворецот, Михаел Без не се лути поради намалувањето на бројот продадени влезници: „Сега можете да го доживеет дворецот на посебен начин“.
-
Германските туристички атракции во време на корона
Хамбуршката филхармонија
Импозантната новоградба на филхармонијата над Лаб од која се пружа величествена глетка на цел Хамбург, исто така обично е преполна, а билети се купуваат со недели однапред. Сега е можно скоро да вшетате во неа, но сепак се советува претходно да се купи влезница. Бројот на посетители е строго ограничен.
-
Германските туристички атракции во време на корона
Куполата на Рајхстагот
И во Берлин е тешко да се влезе во зградата на парламентот и да се прошета по стаклената купола од која се пружа поглед на цел град и пленарната сала на германскиот парламент. Сега е уште потешко: доаѓање е можно само со претходн најава и во исклучителни случаи. Инаку куполата е затворена.
-
Германските туристички атракции во време на корона
Берлинскиот Остров на музеи
Познатата биста на Нефертете минатата година ја виделе 4,2 милиони луѓе. Сега бројот на посетители е строго ограничен и за обиколка имаат на располагање само ограничено време. Ако сега сакате да ја видите бистата, потребно е однапред да резервирате влезница.
-
Германските туристички атракции во време на корона
Цветниот остров во Маинау
На Островот на цвеќето во Боденско Езеро нема ограничувања за посетителите, но нив ги има многу помалку од обично. Порано доаѓаа полни автобуси, а во доба на пандемија можете на мир да го погледнете баш секој цвет.
-
Германските туристички атракции во време на корона
Богородичната црква во Дрезден
За познатата, срушена па потоа обновена „Фрауенкирхе“ во Дрезден исто така важат строги прописи: во нејзината купола смеат да влезат само 50 лица, а во црквата вкупно 40. На концертите кои се одржуваат таму дозволено е присуство на 350 посетители, инаку ги има 1660. Редовно се бара карта повеќе.
-
Германските туристички атракции во време на корона
Ротенбург об дер Таубер
Ова сликовито гратче во Баварија во кое имате впечаток како да сте се вратиле во среден век, инаку има само десетина илјади жители. Но, секоја година доаѓаат во посета 1,9 милиони туристи. Поголемиот дел од нив се од Америка и Азија, но овие денови нив практично ги нема. Тоа сепак не значи дека гратчето е празно, во него сега уживаат домашните германски туристи.
Автор: Ане Термехе
Во понеделник, Меркел и премиерите на германските покраини ќе направат анализа на резултатите од делумниот локдаун во земјата воведен на 2. ноември, со која треба да се доведат под контрола растечките бројки на корона-инфекции во земјата. Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт веќе потенцираше дека канцеларката во моментов не гледа можности за ублажување на рестрикциите.