Меркел најави признавање на истополните бракови во Германија | Панорама | DW | 27.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Меркел најави признавање на истополните бракови во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел го менува курсот на нејзината партија во однос на ткн. „бракови за сите“. Шефицата на ЦДУ се залага за тоа пратениците во Бундестагот да гласаат според сопствено убедување

Демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел се пред голем пресврт кога станува збор за спорната тема на хомосексуалните бракови. На манифестацијата која во Берлин ја организираше женското списание „Бригите“, Меркел изјави дека посакува дискусија која ќе оди „во насока на донесување одлука според сопствена совест“. Доколку се изгласа таква одлука, тоа би значело дека истополните парови ќе можат да уживаат исти права како и хетеросексуалните бракови.

Во неделата и во понеделникот, во ЦДУ се одржале долги дискусии за тоа како да се внесе темата во изборната програма на демохристијаните. Парламентарните избори во Германија се закажани за 24 септември. Со сестринската ЦСУ било договорено тоа да биде одлучување по сопствена волја. Тоа ќе им овозможи на пратениците на сестринските ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот да гласаат слободно, без притисок од партијата. Се проценува дека во таков случај, мнозинството би ги прифатило истополните бракови.

Целосното изедначување на истополните бракови веќе се наведува меѓу приоритетите во програмите на социјалдемократите, зелените и либералите. Овие партии веќе најавија дека тоа ќе биде и услов за евентуално коалицирање со партијата на Меркел.

Гледај видео 01:10

Разноликост наместо едноличност

Гласање уште утре!

Во експресен одговор на најавата на Меркел, лидерот на Социјалдемократите (СПД), Мартин Шулц побара парламентот да гласа за истополовите бракови уште во текот на оваа недела.
Стравувајќи од антагонизирање на традиционално конзервативниот католички блок во нејзината партија, Меркел долго се спротивставуваше на истополните бракови. Истополовите партнерства се дозволени во Германија од 2001 година, но бракот е чекор понатаму. Притоа, останува отворено прашање и можноста хомосексуални парови да посвојуваат деца. Меркел досега отворено се спротивставуваше и на таа можност.
ЛГБТИ заедниците ја поздравија најавата истакнувајќи дека се работи за обид за спасување на кредибилитетот на канцеларката во последен момент. И тие бараат гласање во Бундестагот пред изборите.
„Еднаквите права за сите луѓе се наведени во нашиот Устав“, вели Аксел Хохрајн, портпарол на ЛСВД, организација која ги претставува хомосексуалците во Германија.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама