Меркел и Макрон на иста линија | Свет | DW | 19.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Меркел и Макрон на иста линија

Францускиот претседател беше прв гостин од странство кај канцеларката годинава - поради пандемијата. Содржински, средбата помина како во старите добри времиња.

На вечера, на која владееше добро расположение, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон искажаа слични ставови за повеќе теми и оценија дека ЕУ, во однос на Турција иРусија, е соочена со големи предизвици.

Во врска со односот кон Турција, Меркел рече: „Од една страна постојат разлики во ставовите, а од друга страна сме упатени едни на други ако сакаме заеднички да решаваме одредени прашања.“ Таа експлицитно ги наведе прашањата на миграцијата, иднината на Либија и иднината на Сирија.

Околу односите со Москва, канцеларката укажа дека Русија е најголем континентален сосед на ЕУ. „Мора да кажеме дека сите сме изложени на хибридни напади. Но, од друга страна, доколку сакаме безбедност и стабилност во ЕУ, имаме голем интерес од тоа да останеме во разговор со Русија, колку и тоа да е тешко.“

Гостинот од Париз сосема се согласува со тоа. „Споделувам сѐ што беше речено за Турција и Русија.“ Во односите со Турција мора да се имаат предвид позициите на ЕУ-државите, Грција и Кипар, како и да се има предвид сопствената стратешка позиција во источното Средоземје, Блискиот Исток, Либија и Кавказот, дополни Макрон.

Меркел му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за дијалогот со руската влада. Двајцата државници беа согласни дека треба да се поздрави актуениот ангажман на Вашингтон.

Deutschland Treffen Merkel und Macron in Berlin

Средбата на Меркел и Макрон служеше и за усогласување на ставовите пред самитот на ЕУ наредната недела

Опасност од ширење на Делта варијантата

Тема на вечерата во Канцлерамтот беа и Европското првенство во фудбал, како и пандемијата, односно ширењето на Делта варијантата на коронавирусот. „Убаво е што сега во Минхен, на пример, повторно може да има 14.000 фанови (на стадионот, н.з.). Но кога ќе ги видам сосема исполнетите стадиони во други земји на Европа, тогаш сум малку скептична дали тоа сега е вистински одговор на актуелната ситуација“, рече Меркел.

И Макрон е загрижен за безбедноста на фановите, но истовремено смета дека организаторите на Европското првенство се многу будни. Во моментов се размислува натпреварите од финалната недела на ЕП да не се одржуваат во Велика Британија, како што е планирано. Во земјата веќе владее Делта варијантата на коронавирусот, а бројот на новозаразени од пред извесно време е повторно во пораст.