Меркел и Обама: осуда на „варварските воздушни напади“ врз Алепо | Свет | DW | 30.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел и Обама: осуда на „варварските воздушни напади“ врз Алепо

Стотици илјади луѓе се „заробени“ во Алепо, сирискиот режим и Русија вршат жестоки напади врз градот. Германската канцеларка и американскиот претседател изразија остра осуда.

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама повторно остро ги осудија воздушните напади на сириската армија врз опколениот град Алепо, поддржани од Русија. Двајцата државници во телефонскиот разговор биле единствени во ставот дека Русија и сириското раководство имаат посебна одговорност во окончувањето на насилството во Сирија, соопшти кабинетот на Обама во Вашингтон. Побарано било да се овозможи пристап на пратките со помош од ОН во опсадените и тешко пристапни области во земјата во која беснее граѓанска војна. Според Обама и Меркел, жестоките воздушни напади врз источниот дел од Алепо се варварски, таму се блокирани околу 250.000 луѓе. 

Гледај видео 01:01
Now live
01:01 минути

Алепо- град на духови

Кери размислува за прекин на преговорите

Пред еднаипол недела последното договорено примирје во Сирија доживеа неуспех. Оттогаш сириската војска води широка офанзива, поддржана од воздух од Русија. Поради континуираните напади, САД и‘ се заканија на Русија со прекин на разговорите околу нов прекин на огнот во Сирија. Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери изјави дека преговорите се кратко пред прекин. Ваквите разговори, имајќи ги во предвид непрекинатите бомбардирања на Алепо, се „ирационални“, истакна Кери: „Ова е еден од моментите кога мора да се размислува за алтернативи“. Руското раководство пак најави продолжување на офанзивата во Алепо. По крајот на последното примирје, според Опсерваторијата за човекови права, биле убиени преку 300 луѓе. Според организацијата на ОН за помош, УНИЦЕФ, минатите денови загинале 96 деца, 223 биле ранети. Околу 600 тешко ранети жители морале да бидат евакуирани, зашто во градот веќе не постои можност за нивен лекарски третман. Во областа под контрола на бунтовниците работат само уште триесетина лекари. Владее акутен недостиг на прехранбени производи, вода и медицински апарати. Бегалските коридори за околу 300.000 цивили во источниот дел од градот Алепо се блокирани.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама