Меркел: Завршувањето на спорот за името е важна вест | Северна Македонија | DW | 26.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Меркел: Завршувањето на спорот за името е важна вест

Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна поради надминувањето на деценискиот спор за името Македонија. СПД-политичарот Удо Булман бара Нобелова награда за Заев и Ципрас.

„Ова е само мала, но многу важна вест, која има многу врска со војна и мир, како и со стабилност“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на собир на нејзината ЦДУ во Тринвилерсхаген.

Канцеларката го следи активно проблемот уште од самитот на НАТО во Букурешт пред повеќе од една деценија и прави обиди за наоѓање начин Македонија да стане членка на Алијансата и да ѝ се приклучи на ЕУ. Сега, со Преспанскиот договор, патот за земјата е отворен, оценува канцеларката и додава: „При толку многу меѓународни кризи се мисли дека ништо не се помрднува нанапред.“

Повеќе: 

Компромис за името: Ѓаволот е во деталите

„Преспа“ предизвика ерупција од честитки

Мас: Извонредна вест за Европа

Булман бара Нобелова награда за Заев и Ципрас

Шефот на пратеничката група на социјалдемократите во Еврпопскиот парламент, Удо Булман,

Deutschland Udo Bullmann (picture-alliance/dpa/T. Monasse)

Удо Булман, шеф на пратеничката група на социјалдемократите во ЕП

смета дека македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас би требало да добијат Нобелова награда за мир. „На Зоран Заев и Алексис Ципрас им успеа она во што не успеаја многу други во изминатите речиси три децении - тие конечно му ставија крај на огорчениот спор за името помеѓу Скопје и Атина и со тоа испишаа историја“, изјави Булман за германската агенција ДПА.

„Тие не потклекнаа под притисокот на оние кои копнеат по стари национализми, туку дејствуваа во најдобар долгорочен интерес на своите земји и на Европа. Токму во времиња на популизам, во кои агендата често е диктирана од краткорочни добивки, ова е доказ за вистинска политичка големина“, оцени Булман.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама