Меркел е против укинување на санкциите за Русија | Свет | DW | 15.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел е против укинување на санкциите за Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на поосетата на Литванија испрати јасни сигнали во насока на Москва.

„Пред да постигнеме напредок во врска со Договорот од Минск, не можеме да зборуваме за укинување на санкциите“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со шефовите на држави и влади на Литванија, Летонија и Естонија во Вилњус. Таа на прес-конференција во Претседателската палата во Вилњус додаде и дека досега „нема супстанцијален напредок во Минскиот процес и тоа не е добра вест“. Германската канцеларка повтори дека Германија ќе се ангажира во заштитата на надворешните граници на НАТО на Балтикот.

Повеќе: Меркел и Путин: Стари, добри противници

Договорот од Минск е постигнат во 2015 година со посредство на Германија и Франција и предвидува прекин на огнот во Украина. Меѓутоа, досега се спроведени само делови до договорот, кој постојано е прекршуван. Украинските владини сили и проруските сепаратисти за тоа си ја префрлаат вината меѓусебно.

Во четвртокот ЕУ ги продолжи санкциите против соработници на рускиот претседател Путин и против сепаратисти во Источна Украина за уште шест месеци.

ПовеќеКоја е руската елита на удар на санкциите од САД?

Германската канцеларка Меркел за време на посетата на германските војници во Рукла, Литванија, ја обвини Русија за систематска дестабилизација на поранешните советски републики.

Litauen Besuch der Bundeskanzlerin Angela Merkel (Reuters/I. Kalnins)

Меркел во посета на германските војници во Рукла

„Во основа, сведоци сме дека речиси сите поранешни советски републики кои не се дел од ЕУ и НАТО... имаат внатрешни конфликти предизвикани од Русија“, рече Меркел, додавајќи дека сите тие држави се зафатени со повторно стигнување до територијален интегритет. Како пример германската канцеларка ги наведе Украина, Грузија, Ерменија, Молдавија и Азарбејџан.

DW.COM