Меркел: бурката е опасност за интеграцијата | Свет | DW | 19.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел: бурката е опасност за интеграцијата

Германската канцеларка отфрла целосна забрана на бурката, но во неа гледа опасност по интеграцијата. Покраинските министри за внатрешни работи од ЦДУ/ЦСУ стремат кон делумна забрана за целосно покривање на жените.

Ангела Меркел, исто како и министерот за внатрешни работи Томас де Мезие отфрла генерална забрана за носење бурка во Германија, на што инсистираат и делови од нивната партија, Христијанско-демократската унија. Но, германската канцеларка во разговор со новинарите беше јасна: во целосното покривање на жените таа гледа пречка за интеграцијата. „Од мој аспект, една целосно забулена жена речиси нема шанса да се интегрира во Германија“, истакна Меркел. Таа меѓутоа ја остави отворена можноста за забрана на бурката во одредени случаи, поддржувајќи го министерот за внатрешни работи во барањето соодветно решение.

Томас де Мезие одбива целосна забрана за носење бурка од правни причини, но се изјасни во одредени случаи, на пример пред суд, во јавни служби или во училиштата да биде забрането целосно покривање на лицето на жените. Околу ова е постигната согласност синоќа на состанокот на покраинските министри за внатрешни работи од партиите на Унијата, во рамките на барање заеднички концепт за поголема внатрешна безбедност во Германија. ЦДУ повеќепати дискутираше за темата, но на партискиот собир минатиот декември повторно се воздржа од барање забрана за бурката. Во некои европски држави, на пример во Франција и во Белгија, постои забрана за целосно покривање на жените.

Покраинските министри за внатрешни работи од Унијата исто така постигнале договор во поглед на двојното државјанство, тука останува се по старо: два пасоши се можни само во исклучителни случаи.

Реклама