Меркел-Бајден: Руските трупи треба да се повлечат од границата | Свет | DW | 15.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Меркел-Бајден: Руските трупи треба да се повлечат од границата

Германската канцеларка и американскиот претседател се согласни дека Москва треба да ги повлече своите трупи од границата со источна Украина со цел да се постигне деескалација на конфликтот. Москва зборува за вежби.

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Џо Бајден разговараа телефонски во врска со влошувањето на ситуацијата околу источна Украина, соопшти портпаролот на германската влада Штефен Зајберт. Двајцата соговорници сметаат дека Москва треба да ги намали зајакнатите трупи во пограничниот регион со Украина. Само така може да се постигне „деескалација на ситуацијата“, согласни се Меркел и Бајден.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, во Вашингтон изјави дека Бајден во вторникот разговарал со рускиот претседател Владимир Путин со цел да му укаже на можните последици од руските активности. Претходно американскиот претседател на рускиот колега веќе му предложи самит во трета држава.

Според уркаински податоци, Русија во меѓувреме во пограничниот регион има распоредено 41.000 војници. Околу 40.000, како што се вели, се распоредени на анектираниот полуостров Крим.

TABLEAU | Konflikt in der Ostukraine | Luhansk, Kämpfer der selbsternannten Volksrepublik Lugansk

Борци на самопрогласената Народна Република Луганск на борбени позиции на линијата на раздвојување со украинските вооружени сили во регионот Луганск (13.04.2021)

Москва ги отфрла обвинувањата за трупање војска на границата и зборува за „воени вежби“. Во источна Украина од средината на февруари повторно има засилени борби помеѓу проруските бунтовници и украинската армија. Оттогаш постојано стигнуваат извештаи за големи разместувања на руски сили на украинската граница.

Повеќе:

Тензиите на руско-украинската граница во фокусот на НАТО и САД

Украина бара помош од НАТО во конфликтот со Русија

Руски трупи на границата со Украина: Демонстрација на моќ или претстојна инвазија?

Во меѓународни рамки се зголемува загриженоста од нова ескалација на украинскиот конфликт. Само од почетокот на оваа година, наспроти прекинот на огнот, има околу 50 загинати. Делови од источноукраинските региони Луганск и Доњецк, долж границата со Русија, од 2014 година се под контрола на борци верни на Москва.

Поврзана содржина