Мелешкану за ДВ: Посакуваме јасна покана за почеток на преговори на Македонија со ЕУ | Северна Македонија | DW | 31.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Мелешкану за ДВ: Посакуваме јасна покана за почеток на преговори на Македонија со ЕУ

Заедничките интереси и предизвици на ЕУ и Западен Балкан се тема на која денеска се разговара во Букурешт.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешната неформална средба во Букурешт нема да ја заобиколат темата Западен Балкан. „Овој приоритет го презедовме за нашето претседателство со ЕУ, пред сѐ од Бугарија и Австрија“, изјави за ДВ романскиот министер за надворешни работи Теодор Мелешкану.

„Нашата национална позиција е давање поддршка за забрзување на преговорите за приклучување во ЕУ со Србија и Црна Гора, отворање нови преговарачки поглавја. Посакуваме, а тоа и ќе биде мој предлог, ПЈР Македонија (или отсега Северна Македонија) и Албанија да добијат јасна покана за почеток на преговори со Европската унија. Остануваат уште две земји на Западниот Балкан - Босна и Херцеговина и Косово, кои се во почетна фаза, но со кои сме подготвени да разговараме и да видиме како може да ги поддржиме нивните европски стремежи.“

Повеќе: ЕУ на Балканот: Уште една изгубена година

На неформалната средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH) ќе учествува и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров. 

DW.COM

Реклама